verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Толку беше од СДСМ во општина Центар

on 8 - 08 - 2014       

21-09876-09800-crop-resize

Ова би го нарекол медиумско-малициозен производ со многу „сеир фаќање од страна“, а малку новинарски елементи. Вистинската вест, како и причините за нејзиното постоење, се зафрлени „таму некаде“, а наместо тоа имаме обид за некаква си козерија која не само што не ја исполнува целта, туку застранува во насока која нема многу допирни точки со главната поента на кој било легитимен текст – вистинска и точна ИНФОРМАЦИЈА!!!

2Линк до оригиналниот напис: Толку беше од СДСМ во општина Центар

Датум и време на објавување: 04.08.2014, 22:29

Датум на рецензирање: 07.08.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НЕМА ОДГОВОР КАКО И ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ЦЕНТАР

Вистинитост има, ама е преработена на таков начин што на моменти самата себе си се дискредитира. Да, точно е дека опозицијата, судејќи според однесувањето на претседавачот на општината, го губи слабото мнозинство во Центар, но текстов не прави каков било ангажман за барем малку на публиката да ѝ се објасни на што се должат таквите радикални промени во потезите на човекот кој беше познат по острите изјави против политиките на централната власт. Дали е тоа бидејќи со месеци беше држен во притвор, дали затоа што, како што информираше неговата партија, врз него е извршен невиден притисок, дали затоа што можеби добивал закани? – Нема одговор.

Новинарски е сосема погрешен пристапот да го кажуваме епилогот, кој е се само не логичен, а притоа да не се споменуваат или објаснуваат причините и факторите кои можеби влијаеле до тоа да дојде. Ако е „јасно дека  во општината предводена од Жерновски коалицијата предводена од СДСМ веќе нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 11 советници, додека претседавачот на општинскиот совет и претседател на локалната организација на СДСМ во општина Центар Мирослав Шиповиќ гласа воздржано“, тогаш од написот е нејасно зошто тој така гласал. Не може и не смее навивањето да биде посилно од самата информација, а, за жал, тоа во овој случај го имаме.

Во делот на извори на информации може да се каже дека тие до крај не се јасно прецизирани. Поточно, впечатокот кој текстот се обидува да го наметне е дека е правен теренски, но ако тоа било така тогаш зошто недостасуваат низа детали или, пак, изјави и пораки од самата дискусија на седницата на општинскиот совет. Затоа би рекол дека станува збор за агенциска или вест преземена од друго место дополнително „филувана и шминкана“ за одредедени потреби.

 

„ЗАБОРАВЕН“ Е БЕКГРАУНДОТ НА ПРИКАЗНАТА

Оттука, во написот не може да се најдат и елементи на квалитетна содржајност, бидејќи, како што напоменавме, отсуствуваат сегменти од седницата како и партиски ставови и на едната и на другата страна за новонастанатата ситуација. Изненадува, секако непријатно, целосното занемарување на барем минимален „бекграунд“ за случајот „Шиповиќ“, чие споменување секако дека би ѝ олеснило на публиката самата да извелече суд или заклучок како и зошто се „стопило“ мнозинството на опозицијата во една од клучните општини во земјава. Фактот кој недостасува во текстот е дека против тој човек се води судски процес и дека тој по излегувањето од притвор се однесува како друга личност.

Таквата намерна селективност во претставувањето на состојбата, дополнета со „сатирични упадици“, недвосмислено упатуваат на тоа дека текстот не обезбедува основно ниво на објективност што е очигледно и од самиот наслов: „Толку беше од СДСМ во општина Центар“, кој за сметка на информативната ја фаворизира сензационалната и тенденциозната компонента. Истиот рецепт е применет и со фотографијата која е се само не соодветна на приказната. Имаме злоупотреба, или подобро кажано, исмејување на активностите на опозицијата, која пред неколку месеци бараше ослободување на својот член, кој сега, пак, покажува однесување поблиско до власта.

Заклучок: половична информација + отсуство на „беграунд“ + пристрасност + несоодветен наслов + тенденциозна фотографија = лош материјал.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

извитоперени

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести