Измислен датум за политичка штета
Објавено во Рецензии
on 13 - 05 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај]
Ова е текст што спинува информација, која, инаку, е официјално пласирана од МВР. Притоа, спинот намерно се насочува на датумот на протестот на СДСМ. Со тоа се претендира да се поврзе опозициската партија со терористите, што е целосна невистина и непрофесионален пристап.
Линк до оригиналниот напис: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај
Време на објавување: 10.05.2015, 15:04
Датум на рецензирање: 12..05.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
ЦЕЛОСЕН СПИН
Веста е неточна. Точно е тоа дека помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, рече дека нападите биле планирани за средината на месецот (мај), но тој не посочи датум. Други медиуми, пак, претежно провладини, излегоа со сосема спротивни информации. Тие тврдат дека во Куманово тој викенд била планирана акцијата поради повеќе причини:
„Имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден беше планирано да се одржи фудбалскиот натпревар Шкендија-Вардар, а за денес беше планирано одржување на Скопскиот маратон, како и фактот дека недела во Куманово важи за пазарен ден, повеќе од оправдано е дејството на безбедносните сили за разбивање на терористичката група.“
Поради тоа овој текст е контрадикторен. Средината на месецот не мора и да значи дека тоа ќе биде 17 мај. Затоа, овој текст има една намера. Да го вмеша СДСМ како негативна појава во кризата во Македонија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови