verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Темза пред излевање, најризично во Британија

on 11 - 02 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Temza-pred-izlevanje-najrizicno-vo-Britanija-crop-resize

Неретко се случува во медиумите да налетаме на наслови кои онака на прв поглед  ќе нè изнасмеат. Веста што ја  рецензираме е токму со таков наслов: „Темза пред излевање, најризично во Британија“. Во насловот е направена крупна грешка која не го остава читателот рамнодушен, просто изнудува коментар.  Веднаш се појавуваат извичници и прашалници, па само по себе се наметнува прашањето: а каде освен во Британија има ризик од излевање на Темза!?

FireShot Screen Capture #189 - 'Темза пред излевање, најризично во Британија' - kurir_mk_svet_vesti_147491-Temza-pred-izlevanje-najrizicno-vo-BritanijaЛинк до оригиналниот напис: Темза пред излевање, најризично во Британија

Датум и време на објавување: 10.02.2014, 12:44

Датум на рецензирање: 11.02.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Веста е преземена од  Државната информативна агенија  – МИА, ја пренесоа  повеќе други медиуми  и нема проблеми со вистинитоста.

Извори на информации: Како извор на веста е наведена МИА , која пак, се повикува на соопштението на Биританската агенција за човекова околина.

Содржајност: Иако се работи за куса преземена вест, не може да се каже дека е целовита.  Таа делува некако конфузно и збунувачки. Во неа се забележуваат истите пропусти како и во оригиналната вест. Видливо е дека при правењето на текстот не е направен напор да се „стегне“, односно да се среди за да биде појасен. Како на пример овој фрагмент:

„На удар се областите Беркшир и Сари, на која и припаѓаат и југозападните делови од Лондон, главниот град на Велика Британија, засега, не се наоѓа меѓу локциите кои се под закана, но 2500 домови во областа Сари се означени како мошне ризични“

Така што, од самата вест не може точно да се разбере дали има опасност од излевање на Темза во Лондон, или нема.

Оригиналност/Плагијат: Наведено е дека се работи за вест од МИА, но не е посочен линк.

Квалитет на насловот: Насловот е најпроблематичниот елемент во веста. Од брзање, или од незанење е направен гаф:

„Темза пред излевање, најризично во Британија“

Изборот на поднасловот, исто така, е лош.

„Рекрдно високо ниво по должината не целиот тек бележи реката Темза во последните 30-тина години.“

Придавката „рекордно“ во случајов е несоодветно избрана. Имено, таа повеќе одговара кога се работи за истакнување на некаков позитивен напредок или резултат. Подигнувањето на нивото на реката Темза не може да се третира како некаков рекорд, иако таков пристап во известувањето имаа речиси сите медиуми.

Фотографија: Како илустрација за веста е употребена фотографија од  Вестминстерскиот мост во Лондон, симната од интернет без да се наведе изворот.

Заклучок: Насловот прозвучува како оваа река на својот пат до Северното Море да поминува низ кој знае колку држави! А, со оглед на тоа дека се работи за преземен материјал, било потребно само да се има  малку повнимателен пристап и веста ќе беше коректна. Брзоплетоста, пак, на сметка на точноста и прецизноста, резултира со голема грешка, поради која веста  стана предмет на потсмев на социјалните мрежи каде испровоцира коментари од типот:

„За разлика од Британија, ризикот од излевање на Темза во Намибија е значително помал“

 

„Во Франција вршат веќе евакуација?“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

не може да се утврди

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести