Рецензија: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот
Објавено во Рецензии
on 28 - 01 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
Ако до изборите во Грција во неделата главно прашање за новинарските анализи беше колкава ќе биде победата на СИРИЗА, од денес, овој понеделник, главна тема е како оваа левичарска партија ќе ја консумира власта. Што да направи новинарската аналитика во сабота наутро, кога излегуваат викенд-изданијата? За овој текст е одлучено да се направи паралелизам кај клучните политички понуди за читателот, да се воочат разликите меѓу партиите и лидерите и тоа да не биде здодевно, туку да претставува можност за брзо осознавање на материјата, заедно со лесната прегледност.
Линк до оригиналниот напис: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот
Датум и време на објавување: 24.01.2015
Датум на рецензирање: 26.01.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Она во што сите се согласуваат е дека овие избори претставуваат судир меѓу двајца политичари, спротивни на многу начини, Самарас и Ципрас, а на него се гледа и како на борба меѓу старото и новото. Во тие насоки се одвива и предизборната кампања, во која Самарас се залага за зачувување на актуелната економска и надворешнополитичка стабилност, додека Ципрас е претставен како револуционер што ќе внесе многу промени. Разликите меѓу нив се протегаат од потеклото, преку поддршката дома и од надвор, идеите за излез од економската криза, сѐ до позициите околу надворешнополитичките прашања, вклучувајќи го и спорот за името со Република Македонија. Секако, тие разлики не се со еднаков интензитет на сите теми.“
Она што го прави овој прилог за да го прикаже тој паралелен слалом меѓу двата клучни политичари во мигот во Грција – Ципрас, кој треба да го оформи кабинетот и Самарас, кој веројатно ќе се замине од политичката сцена – е користење модерни визуелни форшпани.
За нас е пријатно изненадување што прилогот го има оној ретко виден и умерен цинизам во однос на нашата „опседнатост“ со името, јасно порачувајќи, уште од насловот, дека светот се тресе што со нивните пари, оставени во Атина за надминување на кризата – за што Унијата навистина вложи многу и очекува некој да ја спроведува во тоа име програмата, додека ние го гледаме политичкиот дуел низ нашиот билатерален аспект, кој како тема на овие избори е маргинален!
Тоа е еден од манирите кои овојпат треба да се поздрави бидејќи покажува дека независното истражување не оди по патеките по кои газеле нашите истакнати „мастодонти“ од редот на оние „името не го даваме“, бидејќи, колку ние тоа го признаваме или не, овие избори треба да се гледаат со очилата на неизбежноста на промената.
Прилог кој треба да се издвои.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови