verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Судовите не го оставаат Заев на мира!

on 9 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

Една информација сама од себе не е доволна за да се објави како вест. Текстот што го рецензираме повеќе создава нејаснотии отколку што ја информира јавноста. Новинарот секогаш ја пишува веста тргнувајќи од една информација и потоа собира дополнителни податоци, но доколку нема објаснување и потврда на информацијата, таа не треба да се објави.

Gjyqet s’e lënë të qetë Zaevin fullscreen

Линк до оригиналниот напис: Судовите не го оставаат Заев на мира!

Датум и време на објавување: 06.07.2015

Датум на рецензирање: 07.07.2015

Рецензент: Адриан Керими

Текстот кој е објавен како вест, има недостиг од информации и од објаснувања. На јавноста ѝ е јасно за каков случај се работи, дали можеби има некое друго обвинение против лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев.

Во текстот се вели: „Судот во Струмица му дал рок на Зоран Заев да се јави во судот до пладне…“

Текстот не информира за причините за кои Зоран Заев е повикан да се јави во судот. На читателот што првпат се соочува со веста, а и на тие што го следат развојот на настаните, не им е јасно за кое дело се товари Зоран Заев и за кое од нив треба да се јави во судот.

„Ако не го стори тоа, тогаш ќе биде испратен допис до Основниот суд Скопје 1, кој потоа ќе изрече нова безбедносна мерка.“

„Како ќе се дејствува понатаму, зависи од судот кој му ја одредил мерката…“, рече судијката Сона Каламерникова, од Судот во Струмица. Цитираната судијка како извор не е доволна за веста да биде јасна. Вториот дел од цитираната изјава на судијката Сона Каламерникова „зависи од судот кој му ја одредил мерката…“, создава нејаснотија, бидејќи не сите луѓе ги знаат и ги разбираат судските процедури.

Во структурата на една вест, особено таа што има потреба за повеќе објаснувања, треба да се опфати и делот што се вика „бекграунд“, односно дополнителни, објаснувачки информации. На овој текст му фали овој неопходен дел од веста. Како последица, не објаснувајќи ги добро случаите за кои е осомничен Зоран Заев, текстот останува нејасен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

не се знае

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

информира неофицијално

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести