verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите

on 25 - 11 - 2014       

bsa-mimi-09876-098-crop-resize

Пред нас се наоѓа манипулативен текст, кој на моменти потсетува на соопштение од власта, а не на новинарски производ. Дел од речениците искористени во текстот, премиерот Никола Груевски ги кажа во интервју на „Сител“, неколку часа по неговото објавувањe.

bsaЛинк до оригиналниот напис: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите

Датум и време на објавување: 22.11.2014 15:17

Датум на рецензирање: 23.11.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Се пропушта да се наведат многу важни информации кога се тврди дека студентите се изманипулирани за државниот испит, а тоа е дека Министерството за образование во моментот на протестот не изнесе никакви детали за надворешната проверка. Дали е екстерно тестирање или државен испит, сосема е ирелевантно ако се земе предвид ставот на „Студентски пленум“, дека тие се противат на каква било нова мерка за надворешна евалуација на нивното знаење, со аргумент дека и сега државата може да го провери квалитетот на високото образование со постоечките механизми.

Значи, во текстот се пропушта да се каже дека студентите се против какво било надворешно контролирање на квалитетот на образованието, без разлика дали ќе се нарекува екстерно тестирање, државен испит, дали ќе се однесува на професорите или на нив. Тоа автоматски го негира тврдењето дека тие се „изманипулирани“, како што тврди непотпишаниот автор на текстот.

„Екстерното тестирање е манипулација, концептот на македонската влада е државен испит. Истиот има единствена цел – зголемување на квалитетот на високото образование во Македонија.“

Во текстот нема ниту еден извор. Во него се прави обид мислењата да се прикажат како факти, што остава впечаток на спинерска техника. Непотпишаниот автор дава детали за начинот на испитувањето без да каже дека самото Министерство за образование, и покрај повеќенеделните барања на студентите, не се изјасни за спецификите на тестирањето. Од ова произлегува дека самите институции на системот не ги информираа навремено и прецизно студентите за начинот на кој ќе се спроведе надворешното оценување. Нејсе, не се прикажува ставот на „Студентски пленум“ од кој би се видело дека тој е за заживување на тековните механизми за евалуација на квалитетот на високото образование пред да се воведат какви било нови.

„Најскандалозно е тоа што во организација на протестот учествуваа професори од редовите на СДСМ, за кои дознаваме дека самите ги прекинувале предавањата за студентите и тие сами да може да протестираат.

Опозицијата намерно манипулира и ги злоупотребува студентите со цел да поттикне незадоволство и да создаде глобална слика на незадоволство.“

Текстот е пристрасен и неаргументирано го поврзува протестот со СДСМ, иако самиот организатор (Студентски пленум) јавно, на повеќе факултети со недели го организираше маршот, а присутни беа студенти кои се против ваквиот вид оценување независно од нивните видувања за останатите општествено-политички случувања. Со овој текст се прави обид да се етикетираат протестите и да се поврзат со политичка партија, а за тоа не се нуди никаков аргумент или доказ. Целта е да се дисквалификува валидноста на барањата на илјадници студенти.

„Тоа СДСМ и послугата на СОРОС ги става дека се во директна заштита на дипломите купени со пари и девалвирање на образовниот процес.“

Етикетирањето продолжува и кон невладиниот сектор, а не се нуди ниту еден аргумент или доказ за тоа. Исто така, не е исконтактиран ниту еден извор за обвинувањата кои се пласираат, што е непрофесионално.

„Од друга страна владата има обврска да го подобри системот. Има особено струки и професии каде способноста и квалитетот се пресудни. На пример доктори, кардиолози, хирурзи, стоматолози инженери, градежници….дипломите без знаење се опасни и за самото општество

Мора да има проверка на знаењето на студентите зашто тоа, како што вчера појаснија за МИА, е од интерес на општеството, на сите нас и на самите студенти. Неопходно е да постои некој минимум стандард кој треба да е исполнет од студентот.“

Коментарот мора да биде јасно одвоен од веста, што во случајов не е испочитувано. Во текстот има многу коментаторски елементи, со препораки и морализирање „што мора“, а што не мора да се случува. Делот каде се тврди дека квалитетот и способноста се пресудни само за доктори е неоснован. Кој вели дека квалитетот не е пресуден за еден правник, на пример?

„Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка.

Кај екстерното учениците се оценуваат, а резултатите се знаат по извесен период. Кај државниот испит е доволно да се положи испитот, а резултатите се веднаш познати.“

Од горенаведениот цитат не се убедува читателот дека разликата е огромна меѓу екстерното тестирање и државниот испит. Во јавноста се прошири терминот екстерно тестирање, не поради спецификациите на методот, туку поради тоа што надворешен фактор се вмешува во оценувањето. Тоа е и еден од аргументите на „Студентски пленум“, дека државата се меша во автономијата на универзитетите, што е спротивно на Уставот. Во текстот не се наведува дека без разлика која е намерата на државата, дали да се фокусира на студентот или на професорот, сепак студентот е тој што мора да го полага испитот. Самиот факт што студентот е инволвиран во процесот (примарно ќе го носи товарот на евентуално неквалитетниот систем), го прави неговото право да протестира основано, освен што е уставно загарантирано. Оттука, студентите не се изманипулирани, туку овој текст се обидува тоа да го прикаже на тој начин.

„Ситуацијата е загрижувачка и вели дека студентите се изманипулирани, иако имале чесни намени. Состојбата покажа дека тие биле изманипулирани од СОРОС и опозициските партии кои им создадоа лажна слика за состојбата и претставија проект кој е непостоечки, поттикнати од идеја која се уште нема свој концепт, не е помината во Влада и не минал низ јавна расправа.“

Токму во ова е една од најголемите манипулации во текстот. Имено, студентите самите изјавуваат (постои и изјава од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски) дека не е познато како точно ќе изгледа нивното тестирање. Студентите воопшто не дискутираа за квалитетот на проектот на тестирањето ниту за модалитетите преку кои тоа ќе се изведува. Напротив, без да навлегуваат во материјална расправа за моделот на оценувањето, тие протестираа против какво било тестирање. Со едноставни зборови – протестот беше против екстерно тестирање и против државен испит, како и против кој било друг метод со кој се навлегува во автономијата на Универзитетот.

„Опозицијата намерно манипулира и ги злоупотребува студентите со цел да поттикне незадоволство и да создаде глобална слика на незадоволство.“

Оваа реченица е спин и не е поткрепена со ниту еден факт, аргумент или доказ ниту, пак, за тоа е направен обид.

Сè на сè, пред нас е текст кој има цел да ја оправда владината мерка која е општонеприфатена за илјадници студенти што излегоа на протест. Со ова четиво се прави обид да се минимизира протестот и да се прикаже како опозициско масло, да се дискредитира волјата на студентот и тој наместо свесен и одговорен, политички зрел чинител во општеството, да се прикаже како изманипулиран. Текстот е политички пристрасен и непрофесионален, нема извори, изјави, затскрива битни факти и изобилува со коментари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

ниту еден

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести