verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Страотна глетка од несреќната девојка во Градски парк (ГАЛЕРИЈА)

on 25 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Страотна глетка од несреќната девојка во Градски парк ГАЛЕРИЈА-crop-resize

Првичната верзија на овој текст претрпела неколку измени подоцна во текот на денот и ноќта откако е објавена. Имено, првиот текст (види принтскрин) беше шпекулативен, без многу информации и на база на анонимни извори. Подоцна во текстот повторно анонимно, но, сепак, е додадена изјавата од сведок кој ја раскажал случката за тоа што видел. И во оваа верзија на текстот нема податок дали девојката се самозапалила пред очите на сведокот или сведокот го пронашол само јагленосаното тело. Нема ниту информации од МВР за да се дознае што точно се случило. Главна причина заради која текстот е на рецензија се фотографиите кои се експлицитни, без назнака „вознемирувачки фотографии“, што предизвика и многу негативни коментари низ социјалните мрежи.

recenzija-Plusinfo-jaglenosano-telo-FOTO-printskrin-coverЛинк до оригиналниот напис: Страотна глетка од несреќната девојка во Градски парк (ГАЛЕРИЈА)

Датум и време на објавување: 23.06.2015, 14:47

Датум на рецензирање: 24.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Фотографиите кои се објавени се косат со членови на Кодексот на новинари. На пример, во членот 8 стои:

Начинот на информирање, во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Што се однесува до текстот (пред сè, првичниот) мора да се напомене дека не се запазени стандардите за етиката во новинарството, кои се пропишани и во Прирачникот за етика во новинарстовото, во кој се вели дека проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора. Потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилитетот и професионалноста на прилогот.

Во прирачникот стои:

Кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок – новинарите, фоторепортерите и снимателите треба да покажат сочувство, дискреција и обѕир.

Треба да се избегнува поттикнување на интересот кај јавноста за графички описи и детали за извршени злосторства или трагедии. Сите податоци говорат дека објавувањето на специфични детали за извршено самоубиство ја зголемува можноста од примена на истиот метод.

Фотографии или снимки на починатиот треба да бидат избегнати, како и евентуално оставени писма и пораки.

Извештаите треба да водат сметка за семејството на жртвата, да не се зголемува нивната болка, но и да не придонесе кон нивно „жигосување”.

Кога се известува за несреќи, криминал, или акција на полицијата, медиумите генерално треба да се воздржат од објавување имиња, фотографии или други податоци кои би овозможиле идентификување на жртвите и на извршителите.

Ако станува збор за самоубиство со самозапалување, медиумот имал обврска поинаку да известува за тоа. Како треба да изгледа или не еден новинарски текст, ако се работи за самоубиство, одговор има дадено експертот за човекови права, м-р Жарко Трајановски, во анализите Како (не) треба да се известува за самоубиство: Воздржете се од сензационализам!

Според него, за поодговорно известување во врска со самоубиствата, новинарите треба да се свртат кон релевантни извори.

„Во оние случаи каде одредено самоубиство покренува прашање од јавен интерес, известувачите не треба да се потпираат на „традиционалните“ извори (МВР, членови на семејството кои се во шок, чаршијата…), туку на релевантни извори кои се упатени во оваа здравствена проблематика. На пример, во известувањата за самоубиства, генерално, многу ретко се користат како извори здравствени експерти за судска медицина или податоци од официјални здравствени институции надлежни за оваа проблематика, како што се, на пример, Клиниката за психијатрија, Институтот за судска медицина, Институтот за јавно здравје, итн.„

Тој вели дека новинар(к)ите треба да знаат дека и Светската здравствена организација (СЗО) има објавено посебна брошура за превенција на самоубиство за медиумски професионалци.

„Секогаш кога пишуваат за самоубиство, новинар(к)ите најдобро е да ја консултираат веб-страницата на СЗО, на која има објавено општи информации за темите самоубиство и превенција на самоубиства, како и табели и статистички податоци за одделни земји, вклучително и за Македонија (за перидот од 1991-2003).“

Овој текст, најверојатно од позитивни побуди (да се информира за нешто што досега не се случило во Македонија) преминал некои граници на однесувањето на сериозен медиум. Тоа, сепак, можело да се спречи. На пример, фотографиите да се сликани од подалеку, да не бидат толку експлицитни и да се наведе дека се „вознемирувачка содржина“. Особено зашто станува збор за интернет-медиум до кој пристап имаат луѓе од 7 до 77 години.

SOS_linija_3136-400

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

несоодветно информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести