verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степени

on 25 - 03 - 2013       

Во скопската рубрика на дневниот весник Дневник излезе текст кој се однесува на започната градба на неколку облакодери во населба Аеродром. Како трусно подрачје и заради други урбанистичко проблематични приоди кон олку високите згради во Скопје, кон инвестицијата со право постоеја подозренија. Весникот се обидува да ја сопре недовербата кон тие градби со написот во кој се вели дека:

„До август годинава ќе заврши изградбата на двете од четирите 42-катници во Аеродром, уверени се инвеститорите од претставништвото на турската компанија „Џеваир холдинг“, кои со реализација на овој зафат почнаа во јули лани…

Секоја зграда има од 180 до 185 столба, широки по еден метар, а длабоки по 24 метри. Тоа ќе бидат најбезбедните згради, способни да издржат земјотрес од 10 степени – објаснуваат од претставништвото на фирмата во Скопје.“

Написот има и политичка конотација, бидејќи инвестицијата беше една од фаворизираните владини привлекувања на странски капитал, па пропагирањето на проектот очевидно треба да добие свој простор.

Рецензија: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степениЛинк до оригиналниот напис: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степени

Датум и време на објавување: 21.03.2013, 15:48

Датум на рецензирање: 22.03.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Фактите за големата издржливост на објектите се на ниво на чиста фантазија. Општо е познато, на ниво на ноторни факти (!) дека насекаде во светот се градат облакодери кои можат да издржат само девет степени по Рихтер, бидејќи тоа е горната граница на економската и технолошката оправданост на таков вид згради (станбени пред сè, а секако и деловни). После земјотресот од 1963 година, светската стручна јавност препорача кај нас да не се ѕидаат објекти повисоки од 12 катови!

Извори на информации: Новинарката во текстот се повикува на неидентификуван извор во фирмата која ги гради објектите, без да се каже името и функцијата, бидејќи тоа е битно за да се утврди нејзината стручност. Секако, тоа е битно и за тоа што така изјавувачот на констатацијата за издржливоста на облакодерите на земјотресен удар од десет степени, би ја презел на себе одговорноста за изречената небулоза. Вообичаено е да се очекува дека оној кој го гради објектот и кој веќе дошол до некој степен на негова изградба, има комерцијален интерес да ја брани статиката на објектот.

Содржајност: Без да се навлегува во намерата на авторот да биде можеби само површен известител за градбата на облакодерите, една таква тема и постоење на евидентен страв кај скопјани од облакодерите (како потенцијални живеалишта, но и како објекти во соседството!) заслужува да има „стручен надзор“ од еден или повеќе авторитети, особено што Скопје такви има неколку дузини.

Пристрасност: Написот глорификува објекти кои се гордост на власта и кои секако за инвеститорот треба да донесат голема добивка, бидејќи на мал простор ќе се продава досега најголем број станови (1.376) каде би живеел еден поголем град (5.000 лица). Инвеститорот тврди дека објектот ќе го чини 300 милиони евра, кои власта ќе ги книжи како свој успех во привлекување на странски инвестиции, а инвеститорот би требало да инкасира над 10 милијарди евра по слободна проценка!

Квалитет на насловот: Насловот во себе ја содржи основната лага – и најразвиените земји не градат објекти кои треба да издржат десет степени. И нуклеарната централа во Фукушима беше градена да издржи девет степени и тоа е врвот на градежните можности – на десет степени веќе се распукува земјата и имаме катаклизма!

Фотографија: Фотографијата дава поглед кон градбата која стигнала до 12 кат и нема никаков особен напор во неа да се долови „спектакуларноста“ на објектот.

Заклучок: Написот во себе содржи сокриени пораки за нешто што ги заслужува насловните страници на светските весници, доколку тоа би било вистинито. Тоа што инвеститорот сепак не се осудува да прави таква реклама, говори само за себе.

Рецензија: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степени

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести