verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Со хеликоптер го донеле од Албанија – Македонец се бори за живот на скопските клиники

on 19 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-059-Со-хеликоптер-го-донеле-crop-resize

Веста е најважна новинарска форма. Таа е постара од самото новинарство и се провлекува низ сите други новинарски форми. Затоа мора да биде кратка, јасна, прецизна, вистинита и содржајна. Во оваа „вест“ тоа го немаме. Имаме наслов кој е, всушност, вест: „Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники“. Истото тоа го имаме и подолу во текстот дополнето со уште три збора, дека доживеал страотна сообраќајна незгода.

FireShot Screen Capture #059 - 'Со хеликоптер го донеле од Албанија - Македонец се бори за живот на скопските кЛинк до оригиналниот напис: Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники

Датум и време на објавување: 17.11.2013  14:31

Датум на рецензирање: 18.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Неодговорно и непрофесионално преземена вест од нерелевантен извор и пренесена на читателите, кои слободно можат да се сомневаат во вистинитоста на текстот кој го читаат.

Извори на информации: Единствениот извор на информации е порталот „Курир“ од каде веста е преземена.

Содржајност: Нема содржина. Има какофонија, така што и онаа минимална содржина звучи грдо. Најважното за медиумот било дека се работи за Македонец.

„Македонец се здобил со тешки телесни повреди“.

„Поради сериозност на повредите Македонец бил веднаш пренесен на скопските клиники“.

„Во ургентниот центар се борат за живот на Македонец“.

Тоа е всушност и целата вест.

Ако не бил Македонец, дали за медиумот тоа не би била вест. Немаме информација кога, каде, зошто се случила сообраќајна незгода. Албанија е широк поим. Кој го префрлил со хелихоптер? Полиција? Војска? Чија? Наша? Албанска? Како се случила несреќата? Има ли име повредениот?

Малку да се покажела амбиција, преземената вест можела да се дотера. Можело да се телефонира во Ургентниот центар каде ќе добиеле дополнителни информации. 

Оригиналност/Плагијат: Информацијата е преземена од друг медиум и пренесена на читателите.

Квалитет на насловот: Насловот, според стандардите, треба да има што помалку зборови и секој да е на свое место. Да биде што поедноставен. Ниеден од овие стандарди не е почитуван. Насловот е долг, некреативен со многу одвишни зборови. Ја прераскажува, а не ја „продава“ информацијата.

 Фотографија: Не е соодветна, не е автентична, не е содржајна. Којзнае од каде и од што е преземена, дури заборавиле и да ја ротираат. Требало да стои вертикално. Велосипедот кој се гледа во позадина, според физичките закони на гравитација не може вака да се движи. Нема податоци за авторот.

Заклучок: Изворната информација потекнува од „Курир“, а потоа ја пренеле речиси сите македонски портали, надпреварувајќи се кој повеќе ќе ја обезличи, додавајќи ѝ празен сензационализам, без основна содржина, без почитување на основните новинарски стандарди во пишување на вест. Дури не знаеме ни кога се случила сообраќајна незгода. Можеби ланската година.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести