verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Со донација на Захариев бетонирани неколку споредни штипски улици

on 4 - 11 - 2013       

Maxim_mk_so-donacija-na-zahariev-betonirani-nekolku-sporedni-shtipski-ulic-crop-resize

Веста содржи информација дека штипскиот градоначалник Илчо Захариев донирал вреќи цемент за бетонирање на неколку помали штипски улички,  но авторот (непознат) пропуштил да појасни дали Захариев оваа донација ја дава како обичен граѓанин, кој посакал од свој џеб да им помогне на своите сограѓани и да им ги бетонира уличките или, пак, во својство на градоначалник на Штип. Исто така, не е наведен изворот на таа информација.

Кога ќе се земат предвид ингеренциите на Општината:

„изградба, реконструкција и заштита на локалните и регионалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, од: Надлежности на Општината, Закон за локална самоуправа, 2002 г.

и на Градоначалникот

„го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината“, Надлежности на Градоначалник, Закон за локална самоуправа,2002 г.

се доаѓа до заклучок дека на градоначалникот, доколку како градоначалник ги дал вреќите цемент, му била должност да ги бетонира уличките, односно локалната самоуправа не може да прогласи за донација нешто што и е обврска да го направи. Според таа логика, 20 метри избетонирана патека не ги исполнува критериумите за да биде вест за еден медиум, освен можеби за општинско гласило, кое следи буквално секоја активност на локалната власт, бидејќи таа, меѓу другото ПЛАЌА за излегувањето на тоа гласило. Меѓутоа, доколку градоначалникот Захариев донирал вреќи цемент како физичко лице, плаќајќи за тоа од сопствениот џеб, тоа требало да биде напоменато во веста.

Оваа вест, со идентична содржина, проциркулира во уште неколку медиуми. Единствено на службениот сајт на Општина Штип стои појаснување дека се работи за ЛИЧНА донација на Захариев.

Рецензија: Со донација на Захариев бетонирани неколку споредни штипски улициЛинк до оригиналниот напис: Со донација на Захариев бетонирани неколку споредни штипски улици

Датум и време на објавување: 27.10.2013, 15:13

Датум на рецензирање: 31.10.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Единствен „доказ“ дека настанот се случил се двете фотографии, од кои на едната стои чакал, а на другата свежо избетонирана површина.

Извори на информации: Никаде не е наведено од каде потекнува информацијата.

Содржајност: Веста е нецелосна, бидејќи не е објаснето во кое својство Захариев ја дава донацијата на граѓаните чии улици се бетонираат – како приватно лице или како градоначалник во име на Општината. Со оглед на ингеренциите што ги има функцијата која ја врши Захариев, тоа би требало да биде наведено во написот.

Квалитет на насловот: Во насловот е содржана некомплетна информација за тоа од каква природа е донацијата.

Фотографија: За илустрација на веста се земени само две фотографии снимени од непосредна близина на чакалот и на свежиот бетон. И двете можеле да бидат сликани било каде, односно не информираат ништо за овој конкретен настан.

Заклучок: Некомплетна информација, недостаток на извори и лоши фотографии се недостатоците на оваа вест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести