verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Требење“ на правната бранша во барање мислење што ѝ одговора на телевизијата

on 6 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

МРТ-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Случај „Прислушување“: Правниците велат – судот донел легитимна одлука]

 

Нема сомнеж дека решението на судијката Славјанка Јанчевска од Основниот суд Скопје 1 за изземање на аудиоснимките од корпусот докази против државниот врв, како дел од обвиненијата против оваа олигархија, предизвика бура во правната, но и во пошироката јавност во земјата. Гледачот би очекувал од МТВ носење на голем број вистински експерти и отворање дискусија како што имаше, да речеме, во конкурентските телевизии, како што се „24 Часа“ и „Телма“. Телевизијата, чиј прилог е предмет на рецензијата, се повикува само на изјави на двајца адвокати, кои не се многу експонирани во пошироката јавност, а не се споменати и цитирани ниту еден професор, да не речеме и од оние што ги правеле измените на ЗКП, некој обвинител во пензија (тие би смееле да толкуваат) или судија со искуство кој во мигот не работи за да нема проблеми со шефовите.

МРТ-09876-0987Линк до оригиналниот напис: Случај „Прислушување“: Правниците велат- судот донел легитимна одлука

Датум на објавување: 02.09.2015, 17:33

Датум на рецензирање: 04.09.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Легитимна и законита одлука – ова е ставот на дел од адвокатите за изземањето на аудиоснимките и транскриптите од предметот во случајот „Прислушување“. Според нив, вакви барања на одбрани и вакви одлуки не се реткост во судската практика. Законот за кривична постапка е дециден и не прифаќа импровизации, велат тие.“

Во мигот кога речиси целата стручна јавност застана против решението на судот што е предмет на оцена во прилогот и кога беше многу лесно да се направи еден разнолик и, да речеме, поинаков осврт и емисија во однос на ставовите, телевизијата се решила да ги „треби“ оние кои со свој „потпис“ би го поддржале спорниот став на судијката. Бидејќи се тие навистина многу малку и невидливи, направен е прилог „колку да се рече“!?

Впрочем, самиот автор на прилогот тврди дека „правната фела коментира дека тие што ги прибавиле материјалите немале одобрение ниту од обвинител, ниту од суд, ниту од каков било друг надлежен орган, така што велат дека постапувале незаконски“, ама ние не ја гледаме „правната фела“ и таа главно го тврди – спротивното. На овие рефлексивни подржувачи на власта, секако не им оди воопшто во прилог фактот дека веќе следниот ден Основното јавно обвинителство поднесе 21 жалба на постапката на судот до Апелација. Кои се нивните факти? Ако немале такви причини, секако не би се жалеле? Или тие кои ја водат постапката не се од правната бранша?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

се работи за тв прилог

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести