verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА

on 17 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-025-ekipa_mk_sloventsit-crop-resize

Оваа рецензија е по предлог на нашиот читател кој добро забележал дека во текстот има недозволиви квалификации и навреди кои се однесуваат на целиот еден народ „Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат СЕХА“ . Написот е поврзан со ракометниот спорт и апсолутно не може да се најде никаков контекст преку кој одбивањето на словенечките ракометни екипи да учествуваат во натпреварите од СЕХА лигата би можело да се поврзе со распадот на југославија.

FireShot Screen Capture #025 - 'Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА - Екипа - Екипа' - ekipa_mk_sloventsitЛинк до оригиналниот напис: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА

Датум и време на објавување: 11.09.2014, 19:24

Датум на рецензирање: 15.09.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НЕМА АМНЕСТИРАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Тоа што медиумот експлицитно ја пренел изјавата на првиот функционер на СЕХА во која тој ги обвинува Словенците за распадот на Југославија, само затоа што одбиваат да учествуваат во натпреварите од СЕХА лигата, не го амнесира од одговорност за напаѓачки квалификации, навреда, омаловажување, па и омраза кон цел еден народ, во овој случај Словенците.

„Словенците не се сложуваа со некои работи, а јас во една прилика дури и им кажав дека тие ја распаднале Југославија, но ние немаме намера да дозволиме да ја уништат СЕХА“

Ова е експлицитна изјава на првиот човек на СЕХА и новинарот кој ја пренел навистина не може поради тоа да трпи некакви правни консеквенци, но има етичка одговорност затоа што со пренесување на таква изјава, говор на висок функционер, предизвикува негативна стереотипизација на цел еден народ што е извлечено и во самиот наслов. Споредба на проблемите кои ги има СЕХА околу бројноста на клубовите во лигата со распадот на Југославија апсолутно нема никава врска, а уште помалку има врска со некаква вина на словенечекиот народ во распадот на бившата заедничка држава.

 

НОВИНАРОТ ИМА ПРАВО (И ОБВРСКА) ДА ГО САНКЦИОНИРА ГОВОРНИКОТ

Новинарот во овој случај имал обврска и право да го „санкционира“ говорникот и да му го „ускрати право на говорот“, така што овој дел на неговото излагање и споредби на распадот на Југославија со проблеми во лига за што директно ги обвинил Словнеците, требало, во рамките на саморегулација да не го објави. Или, тој дел од неговото излагање, каде што има елементи на дисквалификација и негативна стереотипизација и може да предизвика предрасуди, поделби и нетолеранција, да го стави во некаков контекст и притоа да напомене дека во неговото излагање има недозволиво користење на говор кој индиректно може да предизвика и омраза.

Новинарите често сметаат дека ако директно цитираат и стават под наводници изјава на некој функционер во која има недозволиви елементи како во овој случај, тие се амнестирале од одговорноста за неговите зборови. Грешат, бидејќи ако не го проблематизираат тој дел од изјавата, ако не го стават во умерена рамка и во соодветен контекст кој нема да го вознемири читателот/гледачот, со еден збор граѓанинот, тие стануваат само обични дистрибутери, и гласноговорници на субјектот чие излагање го пренеле, со што ја губат општествената улога која им е доверена. Овде можете да прочитате како треба да се пренесат зборовите на политичарите кога има елементи на стереотипизација, дискриминација или говор на омраза.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести