verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец

on 8 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

0506-2014-Maxim-Poznat-ubie-crop-resize

Со само една реченица, еден граѓанин, без никаква основа, е етикетиран како „познат“ убиец, а тоа дека бил уапсен од полицијата, значело дека скопјани сега можат мирно да спијат. Ништо во таа реченица на го потврдува тврдењето во насловот дека се работи за „познат“ убиец, ниту, пак, дека заради него во градот владеела несоница од страв.

Ептен неодговорна новинарска постапка која произлегува од немањето свест дека дури и осудените лица не се лишени од сите права и дека одговорноста кон тие нивни права останува и понатаму обврска за сите, па и за новинарите.

0506-2014-Maxim-Poznat-ubieЛинк до оригиналниот напис: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец

Датум и време на објавување: 05. 05. 2014, 12:52

Датум на рецензирање: 07. 05. 2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Она што е најтрагично е дека овој наслов, кој на крајно несоодветен начин лепи тешка етикета на една личност, е изведена од една реченица од полицискиот билтен која со ништо, ама баш со ништо не индицира дека се работи за „познат“ криминалец. Еве ја реченицата од билтенот, па проценете сами:

„СВР Скопје го лиши од слобода 45-годишниот Горан Г. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од десет месеци, за сторено кривично дело ’убиство од небрежност’.“

Нема никакви елементи за да се именува сторителот на кривичното дело „убиство од небрежност,“ „познат“, ниту, пак, има елементи кои укажуваат дека градот Скопје бил вознемирен до несоница.

Дури и да има некоја потреба да се елаборира делото на обвинетиот, фактите дека се работи за казна од 10 месеци и дека се работи за кривично дело „убиство од небрежност“, сами по себе говорат дека станува збор за настан со смртни последици кои не се предизвикани со предумисла или со мотив кој неопходно имал за последица нечија смрт.

Висината на казната и основата за кривичното дело упатуваат дека се работи за околности кои најчесто произлегуваат од сообраќајна несреќа со тешки последици, или од некои други околности кои, трагично и за жал, предизвикале смртни последици од небрежност.

Но, овде ќе ја запреме нашата елаборација за да не ја направиме ниту приближно истата грешка направена во текстот што го рецензираме – да изведуваме заклучоци и наслови за кои нема ама баш никаква основа.

Во вакви случаи, доколку некој медиум сака да елаборира нешто од билтенот на полицијата, тогаш задолжително е квалификациите за таквите случаи да ги даде стручно или овластено лице.

Овде тоа го немаме, а имаме поигрување со несреќата на луѓето.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести