verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Скандал во Општина Центар

on 7 - 06 - 2013       

Ако секој медиум писмата од читатели или, како во овој случај, писмото од „загрижен граѓанин“, ги пласира како новинарски текст, без да ги провери обвинувањата во нив и без јасно да разграничи што е текст, а што писмо, тогаш, за што служат новинарите?

Рецензија: Скандал во Општина Центар Линк до оригиналниот напис: Скандал во Општина Центар

Датум и време на објавување: 29.05.2013, 11: 06

Датум на рецензирање: 30.05.2013

Рецензент: Сунчица Стојановска Зоксимовска

Вистинитост: Текстот се темели на едно писмо, придружено со фотографии и дописи до Општина Центар. Наводите може се точни, а може и не се – нивната веродостојност можела да се потврди (или отфрли) од други извори, или најдобро со одење на терен, што во конкретниот случај не е направено.

Извори на информации: Изворот не е лоциран, според тоа не знаеме колку е релевантен. Како поткрепа се користат фотографии, но тие не се придружени со легенди, за на читателите што не го познаваат тој простор да им се долови суштината на тоа што фотографиите треба да го прикажат. Ниту пак, според напишаното, е направен обид да се чујат и други извори или втората страна.

Во писмото се спомнуваат конкретни лица, но медиумот, пренесувајќи го писмото и како текст, не се обидел ниту нив да ги контактира.

Содржајност: Веста воопшто не е сеопфатна. Напротив, многу е еднострана, тенденциозна и остава простор за манипулација со јавното мислење. Прикрива информации и од неа не може да се донесе заклучок за тоа која е вистината.

Секој сериозен медиум или би ја проверил пред да ја пласира како текст, или сигурно многу му верува на граѓанинот што ја пратил како писмо (доколку е навистина така). Бидејќи, медиумите одговараат пред јавноста дури и за писмата што ги објавуваат.

Пристрасност: Спинот е во тоа да се прикаже дека општината и нејзиниот градоначалник работат спротивно на законите, дозволуваат да се гради без дозволи, фаворизираат свои блиски луѓе и фирми и притоа, ги игнорираат забелешките на граѓаните.

Ова е еден од низата последователни обиди во неколку медиуми да се деградира личноста на новиот градоначалник на општина Центар и да се доведе под знак прашалник работата на Општината под негово водство.

Плагијат: Не е наведен ниту изворот, ниту авторот кој го „обработува“ напишаното и го пласира во поинаква форма отколку како обично писмо од читател.

Квалитет на насловот: Скандал – тоа е првиот збор од насловот, кој треба да предизвика внимание.

Сензационалистички пристап, од кој се очекува потсвесно да влијае кај читателите написот да го прифатат како утврдена вистина. Со тоа се прикрива отсуството на точни и повеќестрано проверени информации.

Фотографија: Не е јасно кога и каде се направени фотографиите.

Заклучок: Овој напис не е ниту новинарски текст, ниту пак писмо од читател во форма во која тоа обично се прави. Станува збор за целосна збрка од новинарски жанрови, поткрепена со сензационалистички наслов, кој има тенденција да прикаже една состојба како вистина само затоа што тоа го тврди еден „загрижен граѓанин“.

Не е искористен инструментот за проверка на фактите при пласирањето на веста, по што новинарите треба да се разликуваат од останатите граѓани. Во написот не се прави разлика меѓу фактите и мислењата, што е спротивно на етичкиот кодекс.

Рецензија: Скандал во Општина Центар

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести