verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Синот на Фрчкоски избран за претседател на младите на СДСМ

on 17 - 02 - 2014       

25-Jon-0987-0099811234-crop-resize

Што сѐ нема во овој текст. Де деца на екс-политичари, де проопизициски портали, де сестри, де кумови, де партија, де лидерот на таа партија, де кандидати за претседател на државата… Сите „мирудии“ за македонска медиумска „манџа“ се на број, само што запршката, ако таа може да се смета за финалниот дел од македонската „традиционална“ кујна, е толку лошо направена, што наместо „хранлив“ оброк публиката добива новинарска каша-попара. А, зошто е тоа така? Затоа што производот од самиот почеток е замислен и спроведен со системска грешка. Наместо да се пушти обично „вестче“ дека социјалдемократскиот подмладок во Скопје има нов предводник, како тоа да е некоја „breaking news“, се создава една цела „драма“ и барање конспиратори во опозициските и новинарските редови. А сиот труд бил за да се искористи фактот дека тоа момче е син на поранешен министер во владите на социјалдемократите и воедно остар критичар на актуелната власт. Значи, ова писание повеќе е резултат на политичко-партиски, отколку на новинарски мотиви.

2Линк до оригиналниот напис: Синот на Фрчкоски избран за претседател на младите на СДСМ

Датум и време на објавување: 14.02.2014, 12:20

Датум на рецензирање: 14.02.2014

Рецензент:  Владимир Мирчески

Вистинитост:  Овој текст како и низа пред него, а најверојатно и многу по него, почнува со поставување на теза која во основа е вистинита и потоа целосно се „забегува“ во приказната со максимално спинување на ситуацијата. Непобитен факт е дека новиот лидер на СДММ во Центар, а не како што стои во насловот на целата партија, е син на поранешен високо позициониран функционер. Добро, и што значи тоа? Дека „тато му фатил врски“, дека воопшто не требало да се зачлени во партијата, дека напредувал, а не бил способен?! На овие прашања, кои логично се загатнуваат со вака формулиран напис, нема одговор. Ама, пак, затоа има еден куп други, споредни информации за тоа каде работела сестрата на момчето, дека е дел од портал чиј уредник е кумот на нејзиниот татко, итн. Дополнително, намерно се прави манипулација со тврдењето:

„Од толку чест што му направија на синот на Фрчкоски, дури и претседателот на партијата Зоран Заев лично присуствувал на именувањето, кој побрзал да му честита на Јон за новата функција“.

Ако малку се проверело, ќе се видело дека на тој состанок биле избрани и други раководители и дека лидерот на партијата не дошол само заради синот на екс-функционерот. Значи, во овој случај вистинитоста е злоупотребена за нечии цели.

Извори на информации: Ги нема, барем не јасно прецизирани и лоцирани. Сѐ се сведува на некаква „лавина незадоволство“ за „коментари на социјални мрежи“. Познат пристап кога примарно треба некој да се омаловажи, а не, како што е редот, публиката да се информира.

Содржајност: Ништо особено. Премногу „жолта“, а премалку вистинска содржина. Во основа и првичната информација – за нови именувања во СДММ, барем според мене, не е некоја особена вест, туку тековна партиска работа. Но, во ред, некои портали ја пренеле, а други се „фаќаат“ на тоа и бараат некаква заткулисна игра.

Пристрасност: Нормално, за вакви написи, дека е присутно на „завидно“ високо ниво. Но, сепак на моменти таа политичка пристрасност преминува во краен невкус. Верувам дека ниту еден родител не би сакал да чита нешто такво за свое дете чиј „единствен грев“ е дека е нечиј син. Чудно, зошто тогаш немаме повеќе текстови во кои, на пример, би се опсервирало кој чиј братучед е. Тоа би било многу интересно.

Оригиналност/Плагијат: Нема формален потпис, ниту пак содржи некаков „авторски печат“. Така што би го ставиле во некоја меѓу, мутант-категорија каде главен критериум е партиската нота во содржината.

Квалитет на насловот: Во овој елемент имаме ептен голема утка. Толку се брзало да се објави текстот при што е направена грешка од типот „компир гледа, месо вади“. Не може во текстот да се зборува за една партиска функција, а во насловот за друга. Значи синот на поранешниот функционер станал лидер на општински, а не целокупниот партиски подмладок.

Фотографија: Една „инкриминирачка“ фотографија од момчето, претпоставуваме „собрана“ од Фејсбук без битна информативна компонента.

Заклучок: Политичката игра е се само не чиста и фер. Така е и во земјите со каде, каде поголем демократски капацитет и долга историја на „изградено новинарство“. Сепак, мислам дека и нивото на партиската битка треба да има некоја долна вредност, бидејќи мешањето деца, и покрај тоа што се политички ангажирани, спаѓа во најдолна категорија. Но, за состојбата да биде уште полоша, валканиот дел го одработуваат некои медиуми, а не партиите. За жал…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести