Рецензија: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!
Објавено во Рецензии
on 7 - 10 - 2014 Автор: Оливера ВојновскаНасловот: „Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!“, е најпроблематичен елемент во оваа преземена агенциска вест, во која не е наведен изворот. Тој на прв поглед остава впечаток како Швеѓаните да им завидуваат на своите најблиски соседи – Норвежаните, поради можноста третпат да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2022 година!
Всушност, во насловната конструкција е направен е гаф. Не се работи за Швеѓани, туку за Норвежани. Агенциската информација е дека и главниот град на Норвешка се откажал од кандидатурата за организација на ЗОИ од финансиски причини. Инаку, пред Осло од организација на ЗОИ 2022 се откажаа Скокхолм, Краков, Лвов, Сент Мориц и Минхен.
Линк до оригиналниот напис: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!
Датум и време на објавување: 02.10.2014, 09:28
Датум на рецензирање: 07.10.2014
Рецензент: Оливера Војновска
ЛОША КОПИЈА
Станува збор за вест „позајмена“ од друг медиум (новинска агенција), каде е објавена претеходниот ден – 01.10.2014 во 23:31:49 часот. Во материјалот што го рецензираме се забележува истиот пропуст од оригиналната вест – словната грешка (финсиската).
Фактички, веста е целосно препишана, освен насловот кој во оригиналот е сосема коректен: „Осло се повлече од трката за организација на ЗОИ 2022“.
Така што, податоците во содржинскиот дел на веста се вистинити, но направен е погрешен избор на наслов. Тој делува збунувачки. Преку него во јавноста се испраќа лажна информација дека „Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло“. А, со оглед на тоа дека се работи за преземен материјал, требало само да се биде малку повнимателен и веста ќе беше коректна.
Вака поради брзоплетост е добиена лоша копија, која поради грешката во насловот предизвика потсмешливи коментари на социјалните мрежи:
„Осло нели беше во Африка?“ „У азија е седи кец!“ „Абе мешам Азија, Африка и Антарктик… знам западно беше… моја грешка“
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови