verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Што значат засуканите ракави и погледот во камерата

on 19 - 02 - 2015       

02172015-Press24-BombataGrc-crop-resize

 

Анализата на говорот на телото не е нешто што не е предмет на користење во многу анализи. Таа е метод кој е инструмент на комуниколозите, на маркетинг-агенциите… иако, ако ги користите во некој медиум и тоа згора во контекст на последните настапи на двајца најспоменувани политичари во земјава, морате да имате силен мотив и оправдување. Особено, кога тие политичари немаат свои говори на тела, како извор на сознанија, туку излегуваат со свои аргументи кои се користат во последните месеци како дел од силна политичка борба која длабоко го потресува општеството. Проблематично во текстот е што написот се јавува токму како замена на аргументи на едната страна во таа борба против другата страна! И, секако, она што е најважно, анонимноста на стручњаците или „стручњаците“ е сериозно оптоварување за напис од таква должина, да не речеме со централна позиција во дневното издание. Во некои подобри, поодговорни времиња, уредниците враќаа од масата прилози во кои нема ниту еден стручњак или соговорник со име и со презиме.

02172015-Press24-BombataGrcЛинкуван наслов на анализираниот напис: Што значат засуканите ракави и погледот во камерата

Датум и време на објавување: 17.02.2015

Датум на рецензирање: 18.02.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Од гестикулациите и начинот на кој се однесува говорникот може да се добијат повеќе информации од она што го кажува или соопштува, а тоа по правило се шесте главни емоционални експресии за лутина, среќа, изненадување, страв, згрозување и тага. ’Нова Македонија’ пронајде соговорници што се експерти од областа на невербалната комуникација со јавноста (мимики, движења и експресија на говорот на телото итн.). Во тој контекст и преку тие анализи се обидовме да направиме истражување за тоа каква порака испратија Груевски и Заев, но не со зборовите што сите ги слушнавме туку преку говорот на телото во текот на одржувањето на нивните прес-конференции …“

Ако внимателно се чита прилогот, јасно е дека невербална комуникација е само начин на кој луѓето ги искажуваат своите емоции во мигот на комуникацијата со јавноста. Но, треба да се додаде дека во актуелниот случај (и повод за текстот), можните констатациите по таквата анализа се сосема нерелеватни во однос на аргументацијата (вербалната) на политичкиот дуел. Некои емоции се нормални – оној кој е прислушкуван ќе се лути и ќе оддава соодветни емоции, додека оној кој стои зад сето тоа (да земеме едно снимање – аудиовизулно во кабинетот на премиерот, што е белки неспорно) ќе се обиде да глуми недоволна лична заинтересираност во ситуација кога треба да говори за загрозеност на државата, а воедно да покаже загриженост за општеството бидејќи сугерира дека има пуч. Во излагањето на еден анонимен аналитичар стои дека Груевски настапил сам за да ги ослободи луѓето од тимот од соодговорност (и се додава дека иако чита од напишан текст, тој тешко го контролира говорењето).

Веднаш треба да се каже дека авторот на текстот требало да се осврне на фактот дека првата прес-конференција на Заев покажа оти премиерот (тоа му било познат факт) е обвинет дека ги прислушувал и своите најбилиски и би било логично да „влезе сам во рингот“. Текот на настаните, всушност, покажа дека премиерот не ги ни информирал своите министри дека постојат материјали со прислушувани разговори и меѓу нив.

Всушност, самиот приод кон овој сегмент покажува дека анализата не е дел од перцепција на говорот и на телото, како што се најавува, туку има во себе и извесна поширока конотација (зошто премиерот излегол сам), па место да се бара во тој факт, да речеме, јасна грижа на совеста, се прави од премиерот херој кој во политичкиот дуел солира! Во исто време се кажува дека Заев на некој начин се сокрил во масата на политички сојузници и членови на претседателството, без да се каже дека сите тие се жртви на континуирано прислушување најмалку четири години! Кога веќе се оди од психологијата кон политиката. Во основа, по првата прес-конференција на Заев имаме криење на премиерот од новинарите (камерите) и обратно, постојани настапи на лидерот на опозицијата за разни телевизии, некои од нив и странски!

Но, најважна е констатацијата на самиот автор дека прашале многу стручњаци за невербална комуникација и дека сите одбиле соработка, освен двајца, кои инсистирале да останат анонимни. И самиот факт што стручњаците одбиле да говорат, иако за нив е тоа неплатена пропаганда и би носела хипотетички нови муштерии за фирмите во кои тие работат, јасно укажува на стравот кој е вовлечен и меѓу интелектуалците во земјава. За таа констатација не ни треба анализа од каков било вид, па ниту невербална. Јасно, тие не се плашат од лидерот на опозицијата Заев.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има анонимни извори

анонимни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

се бега од судирот на аргументи кон нерелатни факти

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести