verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Што се подразбира под „медиумска култура“?

on 12 - 10 - 2013       

Што-се-подразбира-под-„медиумска-култура-3 crop resize

Според Даглас Келнер (“Media Culture”, Douglas Kellner, Routledge, 2003), „медиумската култура користи слики, звуци и претстави, кои ги формираат содржините на секојдневниот живот, доминираат со слободното време, ги оформуваат политичките гледишта, општественото однесување. Содржини што го обликуваат идентитетот на луѓето. Овие содржини преку филмот, радиото, телевизијата (електронските медиуми, м. з.) создаваат модели кои одредуваат како треба да изгледаат мажите, како жените, што е успех, а што неуспех. Со содржините на медиумската култура се формираат сфаќања за класите, етничката припадност, националност, сексуланост. Медумската култура ги формира општествените вредности, доминантните ставови – што е добро, а што е лошо, што е морално, а што неморално, позитивно или не. Сликите во медиумите се симболи или митови што ја прават општата културна клима. Со нив се создава идентитет и, според тоа, медиумската култура создава нови форми на глобална култура.“

Текстот „Што се подразбира под „медиумска култура“ што го рецензираме тука, се впушта во одговор на насловното прашање во еден жанровски нејасен новинарски формат и е многу далеку од дефиницијата и описот за тоа што е медиумска култура на еден од најважните медиумски теоретичари на нашето време, Даглас Келнер.

Што се подразбира под „медиумска култура 3Линк до оригиналниот напис: Што се подразбира под „медиумска култура“? (Напомена: написот во меѓувреме е тргнат од порталот. Горниот линк повеќе не важи. Веста можете да ја видите преку отворање на скриншотот (сликата лево) од страницата каде што беше објавена.)

Датум и време на објавување: 08.10.2013

Датум на рецензирање: 09:10.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Вистинитоста во овој новинарски призвод е само делумна зашто авторот на текстот само површно ја допрел темата и се определил за само една димензија на медиумската култура.

Извори на информации: Нема извори. Текстот се повикува, замислете, на „големите познавачи на состојбите“, кои потоа ги нарекува аналитичари. Не можеме да претпоставиме зошто овие „големи познавачи на состојбите“ не се именувани или зошто не се поблиску определени дека се од некој институт или медиум за да добијат на кредибилитет.

Содржајност: Текстот е еднодимензионален и не се ни обидува да навлезе во сложените и слоевити концепти на медиумската култура. Најблескавата констатација на „големи познавачи на состојбите“ е дека „секој професионален новинар ужива медиумска култура“. Или, дека „под медиумската култура се подразбира нивото и стандардот на известување на оние новинари кои ги кршат стандардите, одработувајќи за политички интереси“. Простете, но ова е далеку од содржајност. Вредност плус оваа тема би добила кога авторот би пишувал за медиумската култура во новите услови на дигиталната технологии и новите медиуми кои создаваат нови трендови и нови односи во општеството. Во такви, сложени односи, спаѓаат и оние феномени на презентација на медиумските пораки за кои се верува дека треба да бидат прифатени без резерва. Еден текст кој претендира да одговори на прашањето што е медиумска култура, треба да го има предвид менувањето на публиката заради поедноставениот и поевтин пристап кон медиумските „апарати“.

Пристрасност: Овој новинарски производ својата пристрасност ја открива во последниот пасус каде што се вели: „Аналитичарите велат дека е еклатантен примерот кај некои проопозициски медиуми кои медиумскиот простор го користат за политичка платформа за партиска промоција на политичките опции“. Отсуствува мислење на други – „големи познавачи на состојбите“ – кои би ја оцениле медиумската култура кај нас од друг агол.

Коментирање: Овој новинарски производ не може жанровски да се дефинира. Тој не е ни вест, ни извештај. Има коментаторски елементи, најмногу заради овој став: „… во Македонија постојат новинари кои можат слободно да ја преземат улогата на политичари. Нивното известување повеќе наликува на партиска ПР-кампања, отколку на правилно информирање. Тоа не е медиумска култура“. Но, не може да биде ни коментар зашто нема автор. Не е потпишана ниту редакцијата. Коменаторот и мислењето, како новинарски жанрови секогаш се врзуваат за име и презиме, или ги потпишува редакцијата, или, во некои случаи, некоја организација. Во овој текст нема ништо од тоа, а сепак има коментирање.

Оригиналност/Плагијат: Овој новинарски производ е навистина оригинален.

Квалитет на насловот: Насловот нема квалитет. Една од основните лекции во новинарството е дека прашање не може да биде наслов.

Фотографија: Нема автор, не е назначено. Нема извор од каде е земена. Црно-бела фотографија со весник на тастатура (треба да) симболизира медиумска култура.

Заклучок: На многумина од нас, јазикот и комуникацискиот концепт на бирократите во Брисел и на политичарите од врвот на институциите на Европската Унија може да не ни се допаѓа. Но, во едно можеме да се согласиме: во прилично точната дијагностика на состојбите. Брисел и европолитичарите можеби немаат секогаш најсоодветни решенија и, можеби, не се секогаш најефикасни, но во вреднувањето на стандардите се прилично прецизни.

Извештајот за прогресот на Република Македонија во евроинтеграциите, од што треба да произлезе препорака за старт на преговорите за членство, најавува нов бенчмарк – степенот на медиумската култура во земјата.

Овој нов услов најавува дека Брисел во медиумскиот простор во земјата сака да види медиумска култура која јасно претставува кој има моќ, а кој не. Кој и како ја користи таа моќ. Медиумската култура не е само нормативно определување на слободата на говорот и на медиумите. Медиумската култура е одраз на стандарди, на „медиумска педагогија“, како што вели Даглас Келнер, која не учи како да мислиме слободно, како да избереме во што да веруваме и како да се стекнеме со способности кои ќе не научат како да ги препознаваме медиумските манипулации. Една таква медиумска култура, во која средишно место имаат медиумите, има за цел да го јакне суверенитетот на личноста и медиумски да ги еманципира граѓаните. Брисел најавува дека сега во Македонија ќе се анализира токму тоа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести