verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Што откриваат задолжителните превентивни прегледи?

on 17 - 01 - 2014       

01152014-Preventivnite-preg-crop-resize

Еден од гуруата на онлајн медиумите, кој многу се занимава со навиките на корисниците на интернет, Јакоб Нилсен , вели дека читателите веб содржините прво ги скенираат, па дури потоа ги читаат. Тоа значи дека погледот на корисниците на медиумските содржини пред компјутерире „шетаат“ со очите на насловите, поднасловите, издвоените поенти во антерфилеата, фотографиите и другите графички содржини, па дури потоа одлучуваат дали ќе го прочитаат целиот текст или ќе одат на друга интернет страница.

Така вели и колегата Писарев во неговата лекција „Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов,“ каде што истакнува дека:

„Читателите најчесто се задржуваат на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги погледнуваат, во голема мерка поради лошиот наднаслов, наслов, и поднаслов, или затоа што текстот не е опремен со овие основни елементи на новинарската форма.“

Освен овие сугестии на теоретичарите и долгогодишните новинарски практичари, кога зборуваме за навиките на читателите, треба да укажеме и на тоа дека голем број на корисници на медиумските содржини го „завршуваат“ читањето само врз основа на скенирањето на насловот, поднасловот….

Замислете каков заклучок може да изведе читателот доколку го прочита насловот на текстот што го рецензираме?

01152014-Preventivnite-pregЛинк до оригиналниот напис: Што откриваат задолжителните превентивни прегледи?

Датум и време на објавување: 15.01.2014 10:40

Датум на рецензирање: 16.01.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Текстот нема проблем со вистинитоста. Навистина е најавен еден ваков проект, задолжителен систематски преглед на пациентите од 14 до 65 години и тој како новинарска тема беше актуелен пред повеќе од триесеттина дена кога беше промовиран. Сега тој нема актуелност. Еве, да прифатиме дека новинарот и уредништвото на медиумот имале некакви причини и сега да ѝ се навратат на оваа тема, но таа повторно се губи во временските димензии зашто во насловот, во форма на прашање, се навестува дека превентивните прегледи нешто откриле, а проектот, практично, не е ниту започнат.

Извори на информации: Како извор на информации е консултирана докторка, претседателка на Здруженито на приватните лекари. Тоа е соодветна, засегната страна во оваа новинарска тема. Сепак, со оглед на тоа што докторката изразува сериозни сомнежи во целосната реализација на проектот, тука е пропуштена добра прилика овие дилеми да се избалансираат со креаторите на проектот, односно, Минитерството за здравство.

Содржајност: Доколку во новинарската постапка беше применета препораката што ја изнесовме во делот „Извори на информации“, односно доколку ја имавме втората страна на медалот на оваа тема, ќе беше исполнет и факторот „Содржајност/Сеопфатност“ кога станува збор за новинарски текст со високи стандарди. Вака…

Пристрасност: Не знаеме дали тоа било намера или не, но без соодветен одговор на прашањата на докторката поставени во овој текст, се стекнува впечаток дека текстот приклонува кон една страна. Кон страната на докторите од примарната заштита кои сега засега немаат решенија за дилемите со кои веќе почнаа да се соочуваат.

Квалитет на насловот: Всушност, насловот е најголемиот проблем во овој текст. Тој, иако во форма на прашање, навестува дека проектот веќе има некои откритија. Тоа воопшто не е соодветно зашто проектот е на самиот старт, а до медицински откритија ќе се дојде еден период по неговото завршување до кога ќе треба да се систематизираат сознанијата.

Затоа, опремата на новинарскиот текст, насловницата, е многу и исклучително важна. Елементите во неа не траба да се изведени без да има за нив аргументи и дополнителна содржина во телото на новинарскиот текст. Ти треба да се органски поврзани со телото на текстот, доволно информативни за да се стекне првичната слика за тоа што го носи новинарскиот текст, но и доволно провокативни за да го натераат читателот да го прочита целиот новинарски текст.

Зашто, мораме да бидеме фер и искрени, се лажеме и себеси и нашите читатели ако сметаме дека во насловот, поднасловот и фотографијата можеме да ги сместиме сите аспекти на една новинарска приказна. Не велиме дека тоа е апсолутно невозможно, но нагласуваме дека се тоа исклучоци.

Заклучок: Да завршиме со уште една констатација од лекцијата на колегата Писарев Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов“.

„Насловната страна е излог на секој весник и со оглед на тоа насловот на секој поединечен текст е неговото огледало и реклама за да се прочита. Од исклучително значење е новинарите да водат сметка во каков медиум работат и од која рубрика и се обраќаат на читателската публика. Начинот на пишувањето и опрема на текстот со наднаслов, наслов и поднаслов морат да бидат хармонично ускладени со интересите на публиката. Тоа, пред се се однесува на изборот на темите и генерално на начинот на нивната презентација, и формирање на насловниот блок заедно со вкупната опрема на текстот.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести