Рецензија: Што направи Лепа Брена кога почина мајка и
Објавено во Рецензии
on 3 - 12 - 2014 Автор: Мирослава Симоновска
Не е првпат Лепа Брена да биде искористена за собирање кликнувања. Вџашува што приватни болни моменти во детали се пренесуваат без никаков извор за да се прикаже добродушноста на Брена. Ова сметаме дека е премногу.
Линк до оригиналниот напис: Што направи Лепа Брена кога почина мајка и
Датум и време на објавување: 25.11.2014, 08:49
Датум на рецензирање: 30.11.2014
Рецензент: Мирослава Бурнс
Самото навлегување во детали од семејната трагедија е проблематично. Не е од јавен интерес што правела Лепа Брена во моментот кога мајка ѝ починала. Известувањето за ова не е ниту сосема во согласност со новинарскиот кодекс. Се остава впечаток на бесчувствителност и на неетичност од причина што се навлегува во сензационалистичка зона. Во текстот нема ниту извори, ниту линк до оригиналната сторија, доколку претпоставиме дека станува збор за превод и за преземање од регионален медиум. Уште еднаш повторуваме дека преземањето на приказната не го амнестира медиумот преземач од одговорност за изнесените наводи, кои во случајов не се клеветнички, ниту навредливи, но премногу навлегуваат во детали неважни и без јавен интерес. Се остава впечаток дека критериумите за вест-вредност се изместени и се оди на сурово изнесување пикантерии, најверојатно заради привлекување на публиката. Но, не секогаш она што публиката сака да го чита е исто со тоа што е од јавен интерес. Не може да бидеме сигурни ниту дека изнесеното е вистинито, од причина што нема наведено извори, односно никој не стои зад информациите што се пласираат. Оттука, сомнежите дека станува збор за трач се основани. Содржински, текстот е сиромашен, но најпроблематичен е делот во кој коментаторски се пристапува кон пофалба на пејачката за нејзините постапки. Што се сака да се постигне на ваков начин?
„Сите сме луѓе, но ретко кој е човек. Браво Брено!“
Авторот комплетно губи допир со професионалната дистанца што треба да ја држи и лично ѝ се обраќа на пејачката во обид да предизвика воодушевување кај читателите.
„Што направи Лепа Брена кога почина мајка и“ е крајно сензационалистички наслов, кој се граничи со непристојност и со немање чувство за почитувањето на приватноста во моменти на жалост.
Во случајот е прекршен членот 7 од Кодексот на новинарите, кој ги задолжува новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Ова важи и кога е во прашање јавна личност, кога нивото на пристојност при известувањето за семејни трагедии треба да е исто како и за личности што не се јавни. Детализирањето за тоа што Лепа Брена направила по смртта на мајка ѝ е сосема непотребно, не е во функција на јавниот интерес и предизвикува одбивност кај читателот.
Член 7.
Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови