verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња!

on 18 - 08 - 2014       

GMO-bebinja-09876-098-crop-resize

Сѐ почесто се случува медиумите да не внимаваат на датумот на текстот кој го преведуваат, па да се објави напис стар со месеци, па и со години. Некогаш не се ни самите свесни за ваквиот проблем, зашто порталите толку брзо ги „преземаат“ вестите еден од друг што не се знае кој прв почнал. Таков е и овој текст.  Или не се внимавало на веста за тоа колку е стара, или биле во заблуда дека се работи за нешто ново. Сепак, дојдовме до текст кој покажува дека оваа вест е стара ни помалку, ни повеќе, туку цели 13 години.

GMO bebinjaЛинк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња!

Датум и време на објавување: 14.08.2014, 11:00

Датум на рецензирање: 15:08.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСНА РЕЦИКЛАЖА

Во текстот нема ниту еден момент кој ќе ве наведе да поверувате дека навистина се „одгледале“ 30 ГМО бебиња. Единствен показател дека нешто се „случувало“ текстот наведува во следниот пасус:

15 ГМО бебиња се родени за време на минатите три години и тие се експеримент на Институтот за репродуктивна медицина и наука Сент Барнабас во Њу Џерси.

Но, тоа не е официјален податок за да може да се провери на нивната веб страница.

Овој текст е преземен (преведен) од Дејли Мејл. При проверката на тоа дали и на Дејли Мејл е со понов датум, заклучивме дека тој е архивски текст исто како и оргиналниот на ББЦ од 4 мај 2001 година. Значи, текстот е стар цели 13 години, а може да се види дека е истиот по тоа што буквално е преведен и ги има истите податоци и во написот кој денеска го рецензираме.

Текстот не нуди факти за кои може да се каже дека тоа што навистина се случило е „ШОКАНТНО“. Се спомнува само институт кој навистина се знимава со репродукција – таква му е и намената, но никаде на нивната веб страница не може да се најде нешто за ГМО бебиња, ниту, пак, текстот нуди некој соговорник за тоа да може да се провери.

 

ТЕКСТ ОБЈАВЕН ПРЕД ГОДИНИ

Текстот на ББЦ, сепак, консултирал и експерти на ова поле кои тврдат дека тоа не се случило и дека не е време тоа да се случи:

Ерик  Јунгст од Универзитетот Case Western Reserve, вели: “Ова личи на невоља. Најбитно е за ова прашање да се разговара јавно и транспарентно“.

Професорот Џо Куминс, од Универзитетот во Западен Онтарио во Канада, за BBC News Online изјави: “Сега не е време да се донесе генетика за создавање на човек преку задната врата.”

Од друга страна, македонската верзија на текстот ги нема преведено изјавите на професорите со што уште повеќе се засилува шпекулацијата. Честопати во насловите на одредени медиуми се употребуваат зборови кои сакаат да го зајакнат дејството на текстот како во овој случај ШОКАНТНО, но тоа е изнасилено и непотребно.

Треба да се внимава со текстови посебно кога тие се објавени пред години. На пребарувачите можат да се најдат текстови и од пред 20-30 години, но секогаш треба да се проверува датумот. И за тоа дали ова е шпекулација или не, може да послужи и само податокот дека ако сето ова беше вистина, тие ГМО бебиња досега ќе имаа 13 години и ќе излезеше барем еден текст за нив и на ББЦ и на Дејли Мејл, а потоа и на македонските портали.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести