verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ШОК – Што се случува: Пожар во Американската амбасада во Скопје

on 9 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

7u-09876009-098-crop-resize

Пред очи ни е неодговорно ширење паника. Особено поради тежината и важноста на овој настан, на кој гости се државниот врв и претставници на меѓународната заедница, се антиципира дека настанот е следен од пошироката јавност и предизвикува интерес. Затоа, кога ќе се напише дека имало пожар во американската амбасада, тоа мора или новинарот да го посведочил, или барем да се јавил на два независни извори како што налагаат стандардите на Би-Би-Си. Со други зборови, новинарот треба да е свесен за одговорноста што ја има и да се воздржи од намерно или ненамерно ширење паника. Пожар во американската амбасада воопшто немало.

7uЛинк до оригиналниот напис: ШОК – Што се случува: Пожар во Американската амбасада во Скопје

Датум и време на објавување: 3.07.2014, 22:07

Датум на рецензирање:07.07.2014

Рецензент:Мирослава Бурнс

Еден збор во сензитивен новинарски текст прави голема разлика. Така, овде, не повикувајќи се на ниту еден официјален ниту неофицијален извор, се известува за наводен пожар во американската амбасада и тоа во момент кога таму присуствува целиот државен врв на Македонија, заедно со дипломати на прославата на американската независност. Сензационализмот се потврдува и со изборот на фотографијата на која изгледа како пожарникари да гасат оган во внатрешност на зграда, за која некој може да се прелаже дека е објектот на американската амбасада што не е случај. Фотографијата е преземена од интернет, сосема неповрзано со настанот за кој се известува, а тоа не е никаде наведено по примерот на професионалното новинарство, каде се наведува дека фотографијата е дел од архива или, пак, преземена од некој друг портал. Пожар во амбасадата немало, туку од огнометот се запалила сува трева или шума во близина на објектот. Пламените јазици се веднаш ставени под контрола.

Значи, да се каже дека се случил пожар околу амбасадата и во амбасадата е многу различно, а известувањето од вакви ситуации бара хируршка прецизност. Од следот на текстот се гледа дека е од некаде преземен, ама при пренесувањето не е наведено од каде, па останува како лапсус да стои делот:

„Според информациите на порталот пожарот кој траел само кратко, бил создаден од огнометот со кој се славела независноста на САД“.

Притоа, во лидот не се наведува кој ја пренесува информацијата. Не се вложени напори информацијата да се провери со едноставно јавување во пожарна, или пак во пи-ар службата на амбасадата. Нема никакви изори. Дополнително, како орудие за собирање кликови се користи и сензационалистичкиот наслов кој почнува со големи букви: ШОК. Сето тоа може да го заведе читателот и да пренесе погрешна информација или претстава, што, всушност, и се предизвикува во конкретниот случај. Информацијата дека во пожарот нема жртви овде заслужила место во последниот параграф што е несоодветно од аспект на приоритетноста  на информациите.

Одговорното новинарство е обврска и заложба. Од него зависи кредибилитетот, но и една од основните улоги на новинарството, да информира, наместо да шокира и да трага по сензационализам.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниту еден

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести