verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Шеќеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите

on 15 - 03 - 2015       

Шекеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите Press24-crop-resize

 

Додека уште траела трибината на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој на граѓаните присутни во „Универзална сала“ и на платото пред неа им ги презентирал најновите тонски снимки што укажуваат на изборните манипулации, медиумот во исто време побрзал да објави текст, со кој како во боксерски ринг, сакал директно да ја „нокаутира“ заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да ѝ „затвори уста“, а на граѓаните, преку партиски мегафон, како со инка да им ја истури в уши својата вистина. Притоа, да го дисквалификува не само директниот политички противник, туку и плејада личности и свои колеги кои апсолутно немаат во тој момент никава врска со излагањето на Шекеринска и со настанот во „Универзална сала“.

Шекеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите Press24Линк до оригиналниот напис: Шекеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите

Датум и време на објавување: 10.03.2015, 21:07

Датум на рецензирање: 12.03.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КАКО ВО ПОГОВОРКАТА -„БРЗА КУЧКА“…

Авторот или немал време или не сакал да го слуша или намерно го заборавил главниот дел на говорот на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Од речиси 20-минутен говор на Шекеринска, набрзина, од контекст извадил само еден мал и периферен дел во траење од две минути, каде, осврнувајќи се на состојбата во медиумите, таа само го повторила она што веќе со години го зборуваат и на што предупредуваат меѓународната заедница и организациите кои во светот ја следат состојбата на медиумите – дека во Македонија медиумските слободи се на ниско ниво.

Непотпишаниот автор толку брзал да ја „нокаутира“ говорничката, па тој дел го претставил како централна тема на нејзиниот говор и си дал слобода, без причина, исто како и во насловот на текстот, да ја предупреди „дека нема право да зборува на таа тема“. И понатаму, иако не бил директно испровоциран со ништо за темата што ја отворил, без факти, без повикување на валиден извор, изрекува серија квалификации на нејзина и на сметка на свои колеги од „опозициски“ медиуми, не заборавајќи ги дури ни опозициските пратеници.

„Правата на новинарите и слободата на изразување беа главни во излагањето на Шекеринска, која се чини заборави како таа и нејзината партија изминатиов период и измиантиве години вршеа притисок врз новинари и цели медиумски куќи.
СДСМ многу пати досега го има покажано вистинското лице кон новинарите. Навреди, плукања, притисоци, па дури и бркања од работа се мал дел од активностите кои СДСМ ги применува кон претставниците на медиумите. А истовремено најгласно обвинува дека нема слобода на медиуми во Македонија.“

 

ПРОМАШЕНА ТЕМА

Понатаму, текстот повеќе не го „рецензира“ говорот на Шекеринска. Сосема се оддалечува од темата и од она што во тој момент се случува во „Универзална сала“ и, повикувајќи се на бајатите и веќе заборавени кулоарски муабети и „рекла-кажала“, без да може да ги докаже, вади некакви хипотеки за опозициските медиуми и за новинарите кои таму работат. Единствената цел е нивната дисквалификација и дисквалификација на опозицискиот лидер, Зоран Заев, кој се прикажува како човек заплеткан во сопствената мрежа.

„Иванов е поранешен портпарол на Владата на СДСМ кој му замерувал на уредникот за објективното известување, односно барал известување кое е единствено во интерес на Заев и СДСМ.

Во кулоарите се говори дека главна причина за оставката на Михајловски е неговото интервју со Заев во кое лидерот на СДСМ имаше катастрофален настап и буквално се “закопа“ и се разобличи пред целокупната јавност.“

 

ДАЛЕЧИНСКИ ЗА „УНИВЕРЗАЛНА“

Бидејки немал далечински управувач со кој би можел да ја „смени програмата“ која се емитувала од „Универзална сала“, медиумот продолжил да „држи говор“ како СДСМ поставувала новинари за пратеници, именувајќи ги со име и презиме Ленче Николовска и Сафет Бишевац, иако и самиот автор е свесен дека партиите само кандидираат одредени личности за пратеници, а ги избираат, односно поставуваат, граѓаните на изборите. Но, целта била баш тоа, и опозициската партија да се прикаже дека и таа не е чиста во изборната трка и дека и таа на ист начин „поставува“ пратеници. Така, додека уште траел говорот на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во „Универзална сала“, медиумот ја „пикнал главата в песок“ да не чуе и, што е негова должност, да не им пренесе на граѓаните објективна слика од настанот. Едноставно, целта било да ги натера граѓаните да ги затворат ушите пред она што е од јавен интерес и што таму можело да се чуе.
Шекеринска, на настанот кој тој ден беше најактуелен и централен во земјава, јавно постави неколку прашања и тоа медиумот не смеел да го премолчи.

„…Кои се овие луѓе, од каде се појавија, што им направи Македонија лошо да мора вака да ѝ враќаат. Со злодела, со криминал, со насилство, со терор. Едно знам, не се човечиња, не се дури ни будалетинки. Тие се нелуѓе, корумпирани нелуѓе кои сакаат да ја окупираат сопствената земја…“

Прекршени се сите норми на новинарството и одредбите на Кодексот на новинарите на Македонија. Одработено е спротивно на јавниот интерес и на граѓаните. Нанесена е штета на граѓаните, скриена е вистината за настанот од јавен интерес, кој бил централен тој ден, направена е манипулација за целиот настан да се прикаже во сосема друга светлина, а личностите што учествувале во него да се дискредитираат.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

и има и нема

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести