verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Семејството Јовановски, Борјан и Нана повторно ја кодошат државата во Брисел

on 16 - 05 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Зошто „Соросовите гавази“, кои „одработуваат за Грција“, ги изнервираа поддржувачите на новиот закон за медиуми?

Рецензија: Семејството Јовановски, Борјан и Нана повторно ја кодошат државата во БриселЛинк до оригиналниот напис: Семејството Јовановски, Борјан и Нана повторно ја кодошат државата во Брисел

Датум и време на објавување: 12.05.2013, 13:55:57

Датум на рецензирање: 13.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Клучните наводи кои го определуваат текстот – тврдењата дека братот и сестрата Јовановски, како и Роберто Беличанец и „другите гавази“ на Сорос, ја „кодошат“ државата во Брисел – не се поткрепени со никакви аргументи за да се окарактеризираат како факти.

Извори на информации: Во текстот е поместена изјава од министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, која нема јасна врска со обвинувачките наводи на сметка на семејството Јовановски и на другите, па оттаму ја сметаме за вонконтекстуална и нерелевантна.

Содржајност: „Веста“ на Нетпрес е несеопфатна и таа ги прикрива аргументите со кои спомнатите личности го критикуваат новиот закон за медиуми.

Пристрасност: Потпирајќи се на една очигледна невистина (дека засегнатите личности наводно не го ни прочитале новиот закон за медиуми) и на една со ништо недокажана претпоставка (дека Борјан и Нана Јовановски го критикуваат законот во Брисел), се пласира централниот спин, според кој тие двајцата и другите „Соросови гавази“ ја „кодошат државата“ и „одработуваат за Грција“.

Квалитет на насловот: Насловот ја отвора клучната дезинформација во овој текст – дека двајца новинари, кои критикуваат еден закон кој се однесува на нивната професија, на што имаат демократско право, наводно „повторно ја кодошат државата“.

Фотографија: Текстот е илустриран со фотографија на Борјан Јовановски, со гримаса која треба, на некој начин, да ја „докаже“ неговата „кодошка“ мисија.

Говор на омраза: Со изнесувањето на очигледни клеветнички и навредливи наводи (дека не го прочитале законот за кој дебатираат, дека ја „кодошат“ државата и дека „одработуваат за Грција“), написот дискредитира неколку познати јавни личности – Борјан и Светлана Јовановска, Роберто Беличанец, Милчин (Владимир), Трајаноски (Жарко) и Најчевска (Мирјана).

Именувањето на Светлана со „Нана“, третманот на братот и сестрата Јовановски во нивниот апсолутно нерелевантен семеен статус (зошто воопшто е важно тоа што се во семејна врска?), како и употребата на изрази како „гавази“ и „кодошење“, сведочат за постоење на говор на омраза насочен кон овие лица.

Заклучок: Ваквата „критика“ на лица (новинари и експерти) кои го критикуваат новиот закон за медиуми, стокмена во напис кој не е ниту прецизно рубрициран како коментар, во кој има и елементи на говор на омраза, не придонесува многу за одбраната на законот – обратно, можеби дури и неоправдано, тој остава впечаток на нервоза и кај оние што го напишале законот и кај тие што го поддржуваат.

Рецензија: Семејството Јовановски, Борјан и Нана повторно ја кодошат државата во Брисел

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести