verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Се врти ли владата кон мајка Русија?

on 23 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-032-plusinfo_mk_vest_366_se-vrti-li-vladata-kon-majka-rusija-crop-resize

Што е поголема експонираноста на некој политичар во јавниот живот, тоа е поголема и заинтересираноста на медиумите за тоа што тој го кажал. Нема сомнеж дека дискусијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, била испровоцирана од актуелните настани во земјата и во регионот и дека тоа што тој го мислел го кажал и предочил и пред евроамбасадорот Аиво Орав. Но, новинарската должност, како и Кодексот на новинарите на Македонија, налагаат коректно да се пренесат неговите зборови, без од тоа да се прават конструкции и без да се извртуваат фактите.

FireShot Screen Capture #032 - 'Плусинфо-Се врти ли владата кон мајка Русија_' - plusinfo_mk_vest_366_se-vrti-li-vladata-kon-majka-rusijaЛинк до оригиналниот напис: Се врти ли владата кон мајката Русија ?

Датум и време на објавување: 16.10.2014, 12:41

Датум на рецензирање: 21.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Со неколку реченици од дискусијата на пратеникот Николовски извадени од контекст и со сегментарно пренесени и преработени дека: „иако Македонија шест години добива препорака, на повидок нема датум за преговори, а нема ни реакција од НАТО“, даден им е шлагворт на соговорниците во која насока да ги насочат своите коментари од кои е направена политичка анализа со констатција дека постојат „отворените понуди од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упатени на адреса на ЕУ и на НАТО, дека на Македонија и е доста од чекање и дека треба да се разгледаат понудите на Русија упатени кон регионов“… што е најавено и во насловот со прашање: „Се врти ли владата кон мајка Русија“?

Тоа кај читателите создава погрешна перцепција и за позицијата на Македонија во однос на актуелните случувања во регионот и за позицијата на ЕУ и НАТО и на големите сили кон нашата држава, свесно наметнувајќи низ изјавите на соговорниците и на аналитичарите атмосфера дека НАТО и ЕУ нѐ отпишуваат од зона на својот интерес и нѐ препуштаат на Русија, што актуелната власт одвај го присакува.

Констатациите не се базираат на факти изнесени во дискусијата на пратеникот Николовски, особено што тој на самиот почеток на своето изложување јасно го кажа ставот на Македонија и на неговата партија, но и на владејачката колицијата и на опозицијата:

„Кога излегуваме пред граѓаните ние ја бараме нивната доверба помеѓу другото и за европската агенда и сите коалициски блокови во Македонија ја имаат европската агенда.“

 

ШТО КАЖА НИКОЛОВСКИ

Во дискусијата, ако внимателно се преслуша неговото изложување, никаде не се спомнува дека:

„Македонија мора да има план „Б“, стратегија во ситуација кога не нé примаат ниту ЕУ, ниту НАТО“ , од што произлегува констација на соговорниците дека:

„ВМРО-ДПМНЕ, преку ваквите говори на своите пратеници, невешто праќа порака до ЕУ и Америка во стилот „ако вие не нé сакате, има кој не сака“….“

Напротив, тој вели:

„Јас силно верувам во европските интеграции и во евриоинтегративниот процес и сметам дека нема алтернатива за истиот во Република Македонија.

Во услови кога постои отворена понуда од Руската Федерација да го заземат пристаништето Тиват, кое што беше седиште на ЈНА или морнарица и таму стационираат своја база и на тој начин го реализираат долгогодишниот сон уште од времето на Петар Велики Русија да има излез на топлото море, сметам дека ваквиот однос и во услови кога во Ниш се изгради војна база која што е слична на Бондстил на Косово, игнорантски однос кон регионот и последиците кои што можат да се случат, најмалце ќе зависат од политичките водства и од државите овдека во регионот.“

За да продолжи:

„Но што прават НАТО и ЕУ за да се спречи ова и што прават за Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ? За жал, ништо. Можеме да дадеме образложенија дека проблемот е Грција, дека проблемот е ветото. Така е, но тоа не е наш проблем. Тоа е проблем на оние каде што ние сакаме да бидеме, а не можеме да бидеме.“

Значи ни збор од:

„Отворените пораки од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упатени на адреса на ЕУ и НАТО, дека на Македонија и е доста чекање и дека треба да се разгледаат понудите на Русија упатени кон регионов.“

СОЗДАВАЊЕ ПОГРЕШНА ПЕРЦЕПЦИЈА

Медиумот може да биде против и да ѝ опонира на политиката на Владата, но спротивно е на стандардите на новинарската професија тоа да го прави со конструкции, создавајќи на тој начин кај читателите погрешна перцепција за позицијата на Македонија во однос на актуелните случувања во регионот и на политиката на ЕУ и НАТО и на големите сили кон нашата држава.

Пратеникот Николовски во својта дискусија истакнува:

„Јас силно верувам во европските интеграции и во евриоинтегративниот процес и сметам дека нема алтернатива за истиот во Република Македонија. Историски, фамилијарно и мојата политичка партија верувале во овој процес… и кога излегуваме пред граѓаните ние ја бараме нивната доверба, помеѓу другото, и за европската агенда и такви се партиите и во власт и во опозицијата. И сите коалициски блокови во Македонија ја имаат европската агенда.“

Авторот на текстот имал должност да се однесува во согласност со основните начела на објективното новинарство и на демократијата и коректно да ја пренесе неговата дискусија, без конструкции кои можат да му нанесат политичка штета.
Кодексот на новинарите на Македонија во Принципите на однесување, дава добри смерници како тоа треба да се прави:

„Основната задача на новинарите е да да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со членот 16 од Уставот на Република Македонија. Во таа смисла, почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесување на информациите, новинарите треба да бидат чесни, објективни и точни.“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести