verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ со истото сценарио – повторно се обидува да го блокира Собранието

on 24 - 02 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

27-0099887065-009988-crop-resize

Би било претенциозно текстчево да се нарече партиски памфлет, бидејќи доколку и постоела таква амбиција таа е толку лошо изреализирана што конечниот производ е едно блуткаво четиво – има некаква мирудија во него, ама апсолутно не може да се утврди која.

Некој, преку неполни 15 редови, сакал многу набрзина да „продаде“ информација за, како што се вели, обидите на опозицијата да го блокира Собранието. Очигледна е тенденцијата да се изврти целата приказна и само да се пласира епилогот, а не сето она што му претходело на крајот. Притоа, прекршени се низа професионални стандарди, како и Кодексот на новинарите на Македонија, почнувајќи од преамбулата дека „Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана…“

2Линк до оригиналниот напис: СДСМ со истото сценарио – повторно се обидува да го блокира Собранието

Датум и време на објавување: 19.02.2014, 7:02

Датум на рецензирање:  20.02.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Основната цел, барем според тоа што е напишано, било да се спинува една ситуација во парламентот преку селективно објавување на информации и со тоа ужасно ѝ е наштетено на вистинитоста. Обидот е да се покаже дека опозицијата не сака да работи, дека го блокира Собранието, дека не присуствува на седници, дека е лицемерна, бидејќи едно им вели на граѓаните, а како што се тврди:

„Кога треба да се гласа за нешто од кое добробит ќе имаат голем број на македонски граѓани, пратениците на СДСМ никаде ги нема“

Сето тоа „збогатено“ со фотографија како доказ за отсуство на мнозинството опозициски пратеници и ете „рецепт“ за успешен текст. Но, не е баш така, бидејќи (не)намерно или случајно се изоставени битни информации. Прво, опозицијата  јавно го изнесе своето незадоволство зошто токму на таа собраниска седница на дневен ред се ставени 112 закони за носење по итна постапка и за таквиот чекор побара одговор од владејачкото мнозинство и второ, опозицијата учествуваше на почетокот од расправата, што никаде не е споменато во текстот и ја напушти седницата како знак на неодобрување на таквиот начин на утврдување на дневниот ред, дури откако не беа прифатени нејзините аргументи. Ова се премногу важни факти за туку-така да бидат „заборавени“.

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци“  – се вели во членот 1 од Кодексот на новинарите.

А еве го вистинитиот приказ на настаните.

Извори на информации: Никаде не е наведен ниту еден извор, ниту, пак, текстот има прецизирано некои соговорници, или, пак, во најмала рака обид да се пренесе дел од целата сложена ситуација која се развивала во текот на денот преку, на пример, објавување дел од собраниската дебата.

Содржајност: Понудена е крајно селективна содржина која не ја отсликува реалноста. На публиката ѝ се сервира она што „некој“ посакал, а не она што навистина се случило.

Пристрасност: Што повеќе да се каже за присутната пристрасност од она што е напишано:

„… Социјалдемократите и денеска покажуваат негрижа кога во прашање се носење на закони од кои добробит ќе имаат голем број на граѓани. “

Коментирање: Чудно е како некој толку лесно се решава да направи „обид за коментирање“ без притоа да ги знае, а уште помалку владее елементите препознатливи за овој новинарски жанр како што е, на пример, аналитичноста. Затоа имаме вакви „мутанти“:

„Додека од една страна СДСМ промовира и ветува мерки и проекти за помош на граѓаните, од друга страна на дело не прави ништо од тоа, обидувајќи се со неприсуство повторно да ја блокира работата на Собранието“.

Оригиналност/Плагијат: Написот е премногу содржински осакатен и политички селективен за да биде агенциски преземена вест. Но, затоа, пак, е буквално прекопиран од „побратимски – сајт“ без тоа јасно да биде наведено. Инаку, веќе вообичаено за овој портал текстовите се авторизираат само со ИМЕ, а не и со презиме.  

Квалитет на насловот: Изреката „Јаболкото не паѓа далеку од дрвото“ важи и во овој случај. Што сакате од „попара текст“? – Коректен наслов! Не, туку, исто така, „попара“ – насловна конструкција која има главна цел да ја манипулира јавноста.

Фотографија:  „Фотката“ треба да ја заокружи приказната за „опозициската блокада“. Сликата, сама по себе, ако е вистинита, не манипулира, но искомбинирана со понудената содржина ја добива острицата непоходна за омаловажување на политичките противници.

Заклучок: Сметам дека бездруго потрошивме премногу зборови за толку лош медиумски продукт. Затоа, кусо, оценката е (недоволно) 1.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

ја искривува вистината

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести