verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ пука по сите рабови

on 4 - 12 - 2013       

СДСМ пука по сите рабови Денешен весник-crop-resize

Целосен паралелизам се случува во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Поделеноста на два табори станува секојдневние во сите општински организации на СДСМ“. Веќе извесен период двете струи, едната блиска до поранешниот лидер, Бранко Црвенковски и втората до актуелното раководство, предводено од Зоран Заев, речиси секојдневно по општинските организации држат состаноци. Групата која ги обиколува општинските организации, блиска до Црвенковски ја сочинувале Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Благоја Стојановски. Таборот на Зоран Заев го предводат, Оливер Спасовски и Марјанчо Николов.“

Порталот излегува со претенциозен  текст дека во СДСМ се случува драматична поделба на две групи, но не нуди ниту еден аргумент  за да се поткрпи таквото тврдење. Тезата од насловот „СДСМ пука по сите рабови“,  се потпира исклучиво на сознанијата добиени од неименувани партиски извори, а потоа врз основа на тие  непотвдени информации се прави една тенденциозна проценка за односите во СДСМ.

FireShot Screen Capture #123 - 'СДСМ пука по сите рабови I Денешен весник' - denesen_mk_web_2013_11_28_sdsm-puka-po-site-savoviЛинк до оригиналниот напис: СДСМ пука по сите рабови

Датум и време на објавување: 28.11.2013

Датум на рецензирање: 3.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Во овој напис недостасуваат елементарни податоци  за да се потврди верододстојноста на наводите – дека се случува некаква поделеност во најголемата опозициска партија. Тој не се темели на факти, туку врз основа на шпекулации на јавноста и „открива“:

„Заев, Спасовски и Николов го убедувале членството на партијата, дека СДСМ има нов реформски курс, кој ќе биде ослободен од поразителните политики од претходното раководство, додека пак Станковиќ, Минчев и Стојановски на состаноците низ државата пропагирале дека, Зоран Заев е само формално лидер на партијата, привремено на таа позиција и дека СДСМ се уште ја води Бранко Црвенковски.“ 

Извори на информации: „Крунски доказ“ за наводната атмосфера на разединетост во СДСМ се анонимни извори.  Наместо изјави од луѓето кои се спомнуваат или од членови на партијата, ова четиво користи формулации „партиски извори откриваат“, „дознаваме“ и „според наши информации“, што не претставува кредибилен извор.  За да се тврди дека „пукаат рбовите во СДСМ“,  таквата состојба  треба  да ја  детектираат еминетни партиски претставници или личности кои ги познаваат односите во СДСМ.

Содржајност: Текстот е целосно едностран. Неименуваниот автор без конкретен доказ и аргументи пласира во  јавноста  произволни толкувања.

Пристрасност: Написот е неизбалансиран и политички некоректен. Конструкцијата на приказната и начинот на кој е пласирана јасно укажуваат на наклонетост кон владејачката партија.

Коментирање: Целиот текст е „гарниран“ со коментаторски елементи и завршува со забележлива сеирџиска интонација:

Во неколку општински организации биле избегнати сериозни инциденти и физичка пресметка меѓу двата табори. Најкарактеристичен пример бил состанокот, што пред неполни два месеца, Минчев, Станковиќ и Стојановски го држеле во Кавадарци, кој според нашите информации завршил со нивно исфрлање од општинската организација од приврзаниците на Зоран Заев. Тензии имало и во Прилеп, Охрид, Пехчево, Делчево, Штип и во уште неколку града од источна Македонија.“

Оригиналност/Плагијат: Материјалот остава впечаток дека му фали оригиналност. Текстови со слична содржина и пристап – со нагласена „загриженост“ за наводната разединетост во СДСМ веќе подолго време се вртат по медиумите. Истиот текст еден ден подоцна  е пласиран  во иста форма и на друг портал.

Квалитет на насловот: Насловот  е спинерски и сугестибилен. Заедно со поднасловот, кој гласи:

Две групи бараат лојалност за себе меѓу општинските организации на СДСМ. Членството збунето.“

тие ја заокружуваат манипулативната порака  што им се испраќа на читателите.

Фотографија: Текстот има фотографија од седиштето на СДСМ, која сама по себе не кажува ништо  и е неинвентивен начин за илустрирање на темата.

Заклучок: Материјалот што го рецензираме е надвор од професионалните новинарски стандарди. Овој напис нема авторски потпис, нема кредибилни извори, нема соговорници, нема сериозна аргументација за наводниот јаз во СДСМ,  и не може ниту да претендира да биде аналитичен текст. Релевантна и издржана  анализа за внатрешните случувања во најголемата опозициска партија несомнено претставува новинарски предизвик, особено во актуелниот политички момент. Но, порталот на читателската публика ѝ понудил лош, наменски скроен производ на кој му фали политичка дистанца.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести