verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Подметнување и неразбирливи инсинуации на сметка на специјалната обвинителка

on 18 - 10 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-118-КАНАЛ-5-Телевизија-kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID81153-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ на иста линија со Јанева-едно им вели на колегите, друго на медиумите]

 

Во текстот што го рецензираме, уште во насловот, „СДСМ на иста линија со Јанева…“, без аргументи, авторот си дозволува подметнување на неразбирливи инсинуации на сметка на специјалната обвинителка и поврзување на нејзината работата со опозициската партија СДСМ.

Во интерес на вистината и на објективното новинарство, мораме да кажеме дека тоа е злоупотреба на медиумот во политички цели и дека тоа што овие денови ѝ се случува на специјалната обвинителка Катица Јанева е недозволиво и без преседан.

FireShot Screen Capture #118 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=81153Линк до оригиналниот напис: СДСМ на иста линија со Јанева-едно им вели на колегите, друго на медиумите

Датум и време на објавување: 16.10.2015, 17:22

Датум на рецензирање: 17.10.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ВИСТИНАТА И ИНСИНУАЦИИТЕ

Преку конфузен, полн со граматички и со синтаксички грешки, текстот на почеток, парафразирајќи ја изјавата на известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, ја акцентира евентуалната штета што ќе ја претрпи Македонија со неспроведувањето и блокада на Договорот од Пржино. Понатаму, пак, вешто, преку манипулации и инсинуации, без факти, за таа штета ја обвинува опозицијата и директно специјалната обвинителка, чии ставови се „совпаѓаат“ со ставовите на опозицијата.

„Со ист став во однос на изборот на членови на специјалното обвинителство како и СДСМ е и обвинителката Катица Јанева и таа најави блокада доколку нејзиниот тим не биде избран во целост онака како што таа предлага.“

Одвратно е кога медиумот преку инсинуации одработува за одредени центри на моќ и политички партии и безкрупулозно, преку трета личност, се обидува да ѝ нанесе штета на политичката конкуренција. Во овој случај, Катица Јанева е колатерална штета во војната која преку медиумите меѓусебно ја водат владејачката партија и опозицијата. Таа никаде не најавила никаква блокада, таа само си го бара својот тим што сама го избрала.

Инсинуации за наводната блокада на Договорот од Пржино од нејзината страна и поврзување и линкување на „истите ставови со опозициската СДСМ“ се со намера да се создаде медиумска слика за нејзината наводна поврзаност со опозициската партија СДСМ, што хипотетички треба да се претстави како пристрасност во подоцнежната нејзина работа.

Во текстот се оди толку далеку што преку инсинуации, читателите се убедуваат дека тие однапред ги усогласиле ставовите, што претставува манипулација.

 

ПРИЈАТЕЛ ИЛИ НЕПРИЈАТЕЛ

Ова е очигледно еден од серијата обиди таа да се дискредитира, да се омаловажи и однапред да се прогласи за пристрасна во истражувањето на случаите за кои е избрана.

Би требало сите, а особено власта, доколку во нејзината работа е сè чисто, во оваа институција да гледаат корисен сојузник, а не непријател чија работа уште на почеток треба да се саботира. Во овој случај, за жал, медиумот јасно заземајќи страна, нескриено покажува пристрасност и преку шпекулации и инсинуации ја дисквалификува како личност носителката на оваа високо одговорна функција, нескриено прикажувајќи ја како симпатизер на опозицијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести