verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: САД не ја подржаа политиката на бојкот на СДСМ

on 21 - 07 - 2014       

nuland-23-09876-098-crop-resize

Она што го имаме, во најмала рака, е сомнителен текст од неколку аспекти. Прва на списокот е вистинитоста, па потоа следи селективноста, па изворите на информации и конечно целото „пакување“ кое му е дадено на завршното дело. 

2Линк до оригиналниот напис: САД не ја подржаа политиката на бојкот на СДСМ

Датум и време на објавување: 15.07.2014, 17:14

Датум на рецензирање: 19.07.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ИМА ТЕЗА БЕЗ ВИСТИНСКИ АРГУМЕНТИ

Читајќи го текстот не може да се најде вистински и објективен аргумент кој би ја потврдил основната теза-водилка што се пласира дека „официјален Вашингтон среде Скопје му испрати јасна порака на Социјалдемократскиот сојуз дека меѓународниот фактор нема да го толерира опозицискиот бојкот. Посетата на заменик државниот секретар на САД на Скопје уште еднаш и стави на знаење на опозицијата дека треба да ги коригира своите позиции и да ги почитува институциите на системот“.

Се согласувам дека е симптоматично тоа што високата американска дипломатка не се сретнала со лидерот на опозицијата за време на кусата посета на Скопје, но тој факт од новинарски аспект воопшто не е добро разработен во текстот. Зошто не се побарал официјален став од, на пример, амбасадата на САД во земјава и објаснување дали отсуството на состанок Нуланд-Заев е поради тоа што Вашингтон е остро против политиката на СДСМ за бојкот на работата на парламентот? Тоа останува да лебди во воздух. Можеби имало други причини за таквиот потег на Нуланд како што некои медиуми објавија. Понатаму, од аспект на вистинитост проблематичен е и делот дека гостинката порачала оти „новата владина програма ја води Македонија во вистинска насока“, бидејќи читајќи го транскриптот од прес-конференцијата токму таква формулација нема. Од друга страна, во написот само делумно е пренесена силната порака на дипломатката во врска со темелите на Охридскиот договор, мултиетничноста на земјата и значењето на соживотот за иднината на Македонија. Значи, имаме начната вистинитост и селективност.

 

ПРЕМНОГУ НОВИНАРСКА ИМПРОВИЗАЦИЈА

Ако се останало на официјални извори – како заедничката прес-конференција на премиерот и Нуланд, дополнета со официјален став на Стејт Департментот зошто немало состанок со Заев, тогаш најверојатно вакво текст не би се добил. Меѓутоа, преголемата импровизација, силната доза на волунатризам и, секако, употребата на анонимни експерти, кои речиси секогаш се еднострани, довеле до ваков новинарски производ кој се одликува со слаба содржина, бидејќи имаме несоодветно „преџвакување“ на вчерашен настан без притоа на материјалот да му се даде реална, денешна информативна компонента ден по средбите на американската претставничка во Скопје.

Не може, а да не се забележи силната пристрасност во текстот, да бидеме попрецизни, станува збор за неизбалансиран продукт кој фаворизира една политичка опција што е видливо и во неколкуте коментаторски елементи:

„Интересно е што Нуланд при својата посета на Скопје воопшто не сакаше да го коментира однесувањето на опозицијата, па дури и избегна едно новинарско прашање за кое медиумите пишуваа дека било директно нарачано од Бихаќка, одговарајќи дека сите треба да работат за просперитет на државата“.

Насловната конструкција е само продолжување, или поточно најава, за пристрасноста во написот. Нема никаква потврда за тезата која преку насловот ѝ се пласира на публиката. Не велиме дека тоа не е така, бидејќи немаме аргументи, но едноставно текстов новинарски не ни ги нуди неопходните докази. Со неколку телефонски разговори и барањето официјален став можеби би се добила потврда. Вака, во отсуство на кредибилни извори, насловната конструкција е, благо кажано, шпекулација, бидејќи не може да велите дека „САД не ја подржаа политиката на бојкот на СДСМ “, а притоа САД тоа никаде официјално не го кажуваат. Ова по малку „замирисува“ на спин.

Сѐ на сѐ, имаме текст објавен ден по средбите на американската дипломатка во Скопје, кој во суштина не носи нова вест, не нуди реален приказ на настаните, нема поткрепа за изнесените тврдења, се обидува селективно да ѝ пријде на ситуацијата, не користи соодветни извори… Или, кусо: непрофесионален новинарски материјал.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

најверојатно да

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести