verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Руско-американски конфликт среде Скопје

on 25 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Rusko amerikanski konflikt-crop-resize

Текстот со исклучително впечатлив наслов „Руско-американски конфликт среде Скопје“ информира  за изградбата на куќа од три ката и со површина од над 300 квадратни метри,  веднаш спроти  Американската амбасада во Скопје. И притоа користи неофицијални извори, што на одреден начин  е разбирливо,  посебно кога се во прашање вакви чувствителни теми.

 „ Изградбата на објектот, според сознанијата на „Република“, бил дел од остра комуникација меѓу претставници на Амбасадата на САД и седиштето на ДУИ во Мала Речица. Од кабинетот на лидерот Ахмети се барало објаснување зошто во општина каде владее неговата партија е подигнат објект, што се смета за можна причина за загрозување на американските безбедносни интереси во Македонија…“

Rusko amerikanski konfliktЛинк до оригиналниот напис: Руско-американски конфликт среде Скопје

Датум и време на објавување: 22.10.2013, 12:22

Датум на рецензирање: 24.10.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост:  Написот  е интересен,  информативен, нуди низа податоци , само што тие, иако  звучат уверливо, стојат зад огради  од типот „наши сознанија“, па не може  да се утврди нивната веродостојност.

Извори на информации: Слабата точка на овој текст се изворите.  Впрочем и во самиот напис е наведено :

„Според непотврдени информации, иако таа се уште не е целосно завршена, сопствениците веќе имаат сериозни понуди за изнајмување. Цената не е позната, но тоа што се споменува како понуда е неколкукратно поголема од најскапите деловни простори во главниот град.

Се разбира, официјално никој не може да посочи на официјална Москва, како локација од каде што би можело да дојде интерес за изнајмување на објектот, но никој и не исклучува дека оваа микрогеостратегиска точка би можела да биде интересна  за руските служби, како што често се случува во светот, барем во шпионските романи“.

Содржајност: Текстот има интересен приод и содржина. Читлив е , напишан со лесен и разбирлив стил. И покрај тоа што,  не ги дава сите одговори:

„Не е јасно ниту што ќе се случи доколку сопственикот реши да не го послуша раководството на ДУИ и се согласи на баснословната сума што ја нудат неколкуте фирми за да можат да бидат поблиску до тоа што се случува во, можеби,  најдобро заштитената амбасада на целиот Балкан“,

сепак, текстот е  доволно  скокотлив и провокативен за да го задржи вниманието на читателот и да го натера да го прочита до крај.

 

Квалитет на насловот: Насловот е всушност круната на овој текст. Веднаш паѓа во очи и алудира на тоа дека се случил некаков инцидент.

Фотографија: Текстот е илустриран со четири фотографии, три од објектот што се гради и една од една  од Американската амбасада, кои се вклопуваат во содржината.

Заклучок: Порталот објавил четиво кое на прв поглед го лови вниманието на читателите. Но, макар што темата е деликатна, неодминлив е впечатокот дека  барем во еден дел од текстот можеле да се користат и официјални извори (Општина Чаир или ДУИ, на пример). Да се види дека е направен обид да се добие став, мислење на другата страна.  Тоа во никој случај не би ја намалило  атрактивноста на ова четиво, туку би ја зголемило.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

преземен од неделникот

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

атрактивен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести