verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: “Репортери без граници е измама“

on 17 - 02 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

70-0987-00998000-reporteri-crop-resize

 Не е првпат истиот наслов да се појави во овој медиум , за што постојат и траги на пребарувачот Тајм.мк. Овој пат поводот е најновиот извештај на „Репортери без граници“, каде Македонија е рангирана на 123 позиција, што претставува пад за 6 места споредено со минатата година. Текстот е објавен веднаш по објавувањето на најновиот извештај на „Репортери без граници“ токму за да ја доведе во прашање релевантноста и да ја девалвира оваа организација, а притоа да го оправда падот на ранг-листата што го нотира таа во својот извештај. Текстот е стар и веќе објавуван во целост. „Светските медиуми“ на кои порталот се повикува како извор, е всушност медиум од Венецуела, кој написот го објавил во 2005 година.

Исто така, написот „Репортери без граници е измама“ се повикува и на други написи објавени во 2008 година. Како што наведува Жарко Трајановски во својот осврт на истата тема, „новинарите имаат легитимно право да ги доведуваат во прашање оние кои се обидуваат да известуваат за медиумските слободи и да вршат рангирање врз основа на одредени критериуми, меѓутоа на кој начин го направил тоа медиумот, преобјавувајќи го бајатиот наслов „Репортери без граници е измама?“.

70Линк до оригиналниот напис: “Репортери без граници е измама“

Датум и време на објавување: 13.02.2014, 17:35

Датум на рецензирање: 14.02.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Во текстот се забележуваат констатации кои воопшто не соодветствуваат со висината. На пример:

„Во последниот извештај на Репортери без граници за земјава не се посочени критериумите ниту детално образложенијата зошто е дојдена до таквата проценка за слободата на медиумите која е исклучително лоша за државава.“

Рангирањето на „Репортери без граници,“ како што е познато, се прави врз основа на шест критериуми: плурализам, независност на медиумите, работни услови и автоцензура, законски рамки, транспарентност и информациска инфраструктура.

Како што констатира и Трајановски во својата анализа, во овој непотпишан текст неколку пати се споменува финансиерот „Сорос“, како илустрација на тезата дека „организацијата ги создава извештаите врз основа и на бизнис цели“. Меѓутоа, во текстот нема никакво образложение врз основа на каква бизнис цел, Македонија во 2009 година била рангирана на 34 место, како најдобра на Балканот според слободата на медиумите кога владата им упати „искрена честитка“ на новинарите по повод тој извештај.

Понатаму се вели:

На веб страницата на Репортери без граници не пишува кој стои зад овие самопрогласени борци за слобода на печатот, ниту пак е именуван нивниот борд на директори.

На веб-страницата на „Репортери без граници“ може да се најдат членовите на т.н. Administration board, односно управниот одбор заедно со објаснување како се избрани членовите.

Понатаму, ја анализираме точноста на следното:

Годишните финансиски извештаи не даваат ни приближна слика за тоа кој точно ги финансира и за текот на парите. Милиони долари од нивниот годишен приход се посочени како “приходи од продажба на публикации”, но не се наведени ниту имињата на издадените публикации, ниту пак на кого се продадени. Не постои ни опција за купување на некоја од нивните “публикации”, пишува Денешен.

На следниот линк може да се пронајде сѐ за финансирањето на „Репортери без граници“.

Не се кажува кои „светски медиуми“ тврдат дека и како тоа го аргументираат:

Светските медиуми пренесуваат дека Репортери без граници не е организација за заштита на новинарството, туку организација за заштита на геополитичките интереси.

Понатаму во текстот, без никаква поткрепа, се тврди дека генералниот секретар Робер Менард „признал“ оти буџетот на „Репортери без граници“ е обезбеден од организации кои се стриктно поврзани со надворешната политика на САД.

Во горенаведеното, се користи зборот „признал“ за медиумот да го наведе читателот на лажна слика, дека има нешто сомнително, па некој „признава“, што, се разбира, е манипулација и не е поткрепено со ништо.

Извори на информации: Извори се со години стари текстови, од медиум од Венецуела,  порталот „Денешен“. Она што е интересно е што овој ист текст, е објавуван на „Курир“ и по претходниот извештај на „Репортери без граници“ како да е „наменски“.

Содржајност: Во текстот е пропуштено да се каже дека Македонија, според најновиот извештај, е рангирана на 123 место и не се дава воопшто никаков опис на околностите кои довеле до тоа. Во извештајот стои дека иако земјата се зафатила со реформи што треба да ја стават на патот на Европската унија, фасадата на демократијата во изминатите неколку години не може да ги скрие бројните прекршувања на слободата на информации. Во извештајот се опишува случајот на Томислав Кежаровски (каде лежи една од причините за падот на Македонија за шест места на листата н.з), но не и во текстот на „Курир“ пренесен од „Денешен“.

„Откако беше осуден на четири и пол години затвор за откривање на име на заштитен сведок во судски случај за убиство, затворската казна беше преиначена во куќен притвор како резултат на меѓународен притисок“ – заклучуваат од организацијата „Репортери без граници“

Понатаму, се забележува остра тенденција да се критикува и воопшто да се оспори легитимитетот на оваа организација и да се претстави како „соросоидна“, „платеничка“, „конспирациска“ – сето тоа спакувано како да го тврдат „светските медиуми“ (што, се разбира дека не е точно, туку го тврдел медиум од Венецуела пред  9 години).

Понатаму, во текстот се забележува една сериозна манипулација, во која од контекст е извадена една реченица од колумна на Љубомир Фрчкоски од 2010 година за да се наметне теза дека СДСМ има врска со уривањето на медиумските слободи:

Ние успеавме, драги мои, со сопствени жртви (некои од нас и со бајаги платени пари за казни) да ја урнеме оваа недемократска влада од 34. на фантастичното 68. место на листата со земји со слобода на говорот (според Репортери без граници)

Меѓутоа, таа е извадена од контекст и целата колумна може да ја прочитате на следниот линк .

Пристрасност: Забележлива е една чудна тенденција, медиум да манипулира со фактите за да девалвира невладина организација што ги штити правата на новинарите, а притоа да не го наведе фактот што оваа организација ја рангираше Македонија на 34 место пред само неколку години што беше поздравено и од владата. Следствено – ова е политичка пристрасност.

 Коментирање:

По ваквите пишувања на Фрчкоски, станува јасно дека сликата за слободата на медимите во Македонија во најновиот извештај на „Репортери без граници“ ја креираат луѓе блиски до Владимир Милчин и Фондацијата отворено општество- Сорос, имајќи во предвид дека според праксата и во другите земји, организацијата ги создава извештаите врз основа и на бизнис цели, а токму Џорџ Сорос е еден од финасиерите.

Ова е само еден од манипулативните коментари што се превладуваат во текстот. Криејќи дека падот е поради тоа што Томислав Кежаровски е затворен, порталот го обвинува Владимир Милчин за ова, иако тој не може да биде одговорен за тоа што новинари се во затвор.

Оригиналност/Плагијат: Чудно е што „Курир“ се повикува на „Денешен“, а истиот текст е објавен на „Курир“ лани.

Квалитет на насловот: Тука има манипулација. Текстот е доработка на друг текст објавен во 2005 година на venezuelanalysis.com . Во тој текст, оригиналниот наслов гласи The reporters without borders fraud, што се преведува како „Измамата на Репортери без граници“, а не „Репортери без граници е измама“.

Во секој случај, насловот кој наведува на погрешно толкување, не го оправдува текстот, бидејќи не е јасно што е „измамата“ ако некој транспарентно ги обелоденува своите извори на финансирање и прави ранг листа.

Фотографија Фотографијата, изразена во новинарско време (каде вестите се новости, ) е „од дедо Ное“, исто како и текстот. Таа е скрин-шот од уште постоечки текст, на медиум од Венецуела. Таа цели да ја девалвира „Репортери без граници“, зашто „светските медиуми“ така објавуваат. Тоа е само алиби, а вистинската причина која се насетува, поради повеќекратното објавување на овој ист текст, е тоа да се оправдаат лошите медиумски состојби во Македонија со „нерелевантноста на организацијата“ чии извештаи ги чита цел свет.

Заклучок: Текстот е стар, преобјавен и не е направен никаков обид да се специфицира за конкретното, најново рангирање на „Репортери без граници“, туку напротив, е „универзален“. Во него се содржани многу неиздржани етикети, манипулации, фактички неусогласености кои целат да ја девалвираат „Репортери без граници“ зашто на нивната листа Македонија стрмоглаво паѓа во слободата на медиумите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистини

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

фототип од текст

несоодветна

манипулира

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести