verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нов „раскол“ во најголемата опозициска партија без квалитетен „штоф“

on 11 - 10 - 2015       

http___www.kurir_.mk_makedonija_ves-crop-resize

 

[Рецензија: Раскол, викотници и на работ до тепачка викендов во СДСМ]

 

Рецензираме  тенденциозен, шпекулативен материјал кој е преземен од друг медиум и пласиран во целосно иста форма, без никаква новинарска доработка.  Во овој исклучително пристрасен текст не е направен минимум напор да се провери тврдењето дали во СДСМ се случува драматичен внатрепартиски конфликт, туку како неприкосновена вистина е земен написот  од споменатата веб-страница, кој, пак, се потпира на анонимни извори.

Ваквиот потег изгледа како едвај да се дочекало да се објави приказната озаглавена со спинерскиот наслов: „Раскол, викотници и на работ до тепачка викендов во СДСМ“. Тој го привлекува вниманието на публиката, ама четивото под него не нуди квалитетен „штоф“ за да ја убеди публиката дека пораката што ја испраќа е точна.

http___www.kurir.mk_makedonija_vesЛинк до оригиналниот напис: Раскол, викотници и на работ до тепачка викендов во СДСМ

Датум и време на објавување: 08.10.2015, 19:10

Датум на рецензирање: 09.10.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

ЖЕСТОКА КАВГА ИЛИ КОНСТРУКЦИЈА?

Медиумската содржина пред нас има сериозни проблеми со релевантноста. Таа не се базира на факти и сите искажани наводи  висат.

Користејќи непотврдени информации, со леснотија плете приказна дека „во напната атмосфера, со расправии кои за малку ќе станеле тепачки поминал состанокот на раководството во СДСМ  на кој требало да се избираат персоналани решенија за министри и заменици министри кои СДСМ …

Написот открива и „пикантерии“ од тензичниот собир на социјалдемократите, кој, наводно:

„…се претворил во жестока кавга, лични препирки и дофрлања за неуспесите…

…. покрај пцовки, имало дури и закани за физичка пресметка…“

Понатаму во текстот се редат тешки обвинувања на сметка на лидерот на СДСМ, искажани, наводно, од  таканареченото „скопско крило“.

Но, доказ за „жестоката караница“ нема, поради што написот добива силен шпекулативен тон.

Па, правен во таков манир – без да наведе прецизни извори на информации, затскривајќи се зад вообичаената формулација „дознаваме“, текстот  сервира конструкција со јасна намера да ја оцрни опозицијата и да ја прикаже раскарана.

Гледано од професионален аспект, начинот на кој е напишана оваа (дез)информација се коси со првиот амандман од новинарскиот Кодекс, каде е прецизно наведено дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже.

Појавата, пак, на оваа објава истовремено во повеќе медиуми, го засилува сомнежот дека на читателите им е понуден некоректен новинарски производ, наменет за политичка дискредитација на социјалдемократите и на нивниот лидер.

Во дел од медиумите, инаку,  зачестија написите кои откриваат „расколи“ – „расцепи“ во  најголемата опозициска партија, што, несомнено, не е случајно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести