verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Расим го пречека претседателот Иванов

on 20 - 03 - 2014       

Расим го пречека претседателот Иванов Република Online-crop-resize

Расим го пречека претседателот Иванов? Првото прашање кое ви се наметнува кога ќе прочитате ваков наслов, е кој е Расим? Наслови од ваков тип би биле соодветни само доколку се користат за информирање од средби на државници, чии презимиња се доволно звучни и сами по себе да се информативни без дополнителни објаснувања. Ако насловот гласеше „Путин го пречека Иванов“ или „Јосиповиќ се сретна со Иванов“ очекувано ќе беше дека станува збор за државничка средба, за протокол, но во нашиов случај, медиумот во поднасловот објаснува дека:

Осумдесет годишниот Расим во кичевска Пласница попладнево го пречека претседателот на државата Ѓорге Иванов.

И толку. Расим (само за медиумот најверојатно) е толку познат што новинарите покрај описот дека има 80 години и со насмевка го пречекал претседателот Иванов, не нашле за потребно да му го напишат и презимето. Или евентуално, неговата позиција во селото: претседател на месна заедница, најстар жител или слично, за да стекне впечаток читателот во која улога Расим го пречекал Иванов? И, дали, во кичевска Пласница бил „претседателот Иванов“ или “претседателскиот кандидат Иванов“. Според формата, текстот, под кој не е потпишан автор, наликува на соопштение, кое добило форма на новинарски текст, зачинет со детали во воведот.

Расим го пречека претседателот Иванов Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Расим го пречека претседателот Иванов

Датум и време на објавување: 16.03.2014, 20:48

Датум на рецензирање: 18. 03. 2014

Рецензент: Саше Димовски

ИЗБОРНА АГЕНДА ВО ФОРМА НА ВЕСТ

Во време на предизборен период, за што неколку пати укажувавме во рамки на Сервисот за проверка на факти од медиумите, медиумите мора јасно да прават разграничување за формите на претставување на текстот, без да го доведуваат во заблуда или да го ставаат во недоумица читателот. Несомнено, вториот важен елемент при информирање за време на предизборни активности е и фактот што медиумите мора да прават разлика кога информираат за средби и активности на државни и јавни функционери кои се во рамките на нивните активности врзани за функцијата, а кога тоа е сторено во функција на изборен маркетинг.

Според понудениот текст (кабинетско соопштение) овде имаме пример на информација за изборна активност, бидејќи не се раздвоени фактите за државната од партиската агенда, ако воопшто може да се зборува за државна агенда.  

Неспорно е дека настанот се случил, дека текстот е вистинит, но во конкретниов случај, авторот (според претпоставката дека е украсен само за да не личи на препишано кабинетско соопштение) го пласирал на начин и форма која е карактеристична за пренесување на соопштенија од средби, но никаде не го навел тоа, што ја става под сомневање веродостојноста на изворите и професионалноста на медиумот.

Текстот е придружен со фотографија, која го илустрира насловот, но и од фотографијата не добиваме одговор на прашањето поставено на почетокот на оваа рецензија, кој е Расим и во која функција тој се сретнал, го пречекал и се ракувал со Иванов.

ИНФОРМИРАЈ, НЕ МАНИПУЛИРАЈ

Вториот дел на текстот е прераскажување на средби со македонски бизнисмени и со кинески претставници кои работат на проектирање на автопат, од што станува повеќе од сигурно дека средбата била од политички карактер, во функција на кампањата, бидејќи претседателот на Република Македонија нема никакви ингеренции во областите за кои разговарал со посочените лица, па се се сведува на реализација на партиска кампања. Овој текст не би бил спорен, доколку видно било нагласено дека средбите ги остварил „кандидатот за претседател“, а не претседателот на Република Македонија.

Замислете колку попрофесионално би била пласирана оваа информација (или соопштение, секако), доколку новинарот и медиумот не прикривале информации, туку јасно ги нагласеле политичките позиции и понуделе информација од предизборна активност. Но, најверојатно свесни дека во време кога формално не била почната изборната кампања, не ќе може да се стори тоа, новинарите и медиумот посегнала по една ваква форма, која има сериозни професионални недостатоци и која лесно се распознава. Вака, заклучокот би бил дека има непотребен се обид за манипулација со пласирање на информацијата и дека тоа е сторено многу аматерски.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести