verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Прва жена која починала од канабис

on 3 - 02 - 2014       

FireShot-Pro-Screen-Capture-104-Фото_-Првата-жена-која-почина-од-канабис-crop-resize

(Рецензијата е изработена по предлог на читател. Доколку и Вие сакате да предложите напис за рецензија од страна на нашиот новинарски тим, тоа можете да го сторите овде)

Кога е во прашање содржината на медиумите, граѓаните-читателите и гледачите се први и најповикани да оценат дали таа е во склад со јавниот интерес и на тоа да реагираат. Само така можеме да ја спречиме таблоидизација на јавниот простор и во медиумите да обезбедиме содржини кои се од јавен интерес.

По предлог на читател, рецензираме новинарски производ кој жанровски може да се смести во категорија „кратка новинарска приказна од секојдневниот живот“, но, не ги задоволува основните стандарди на објективно новинарство. Еве зошто.

FireShot Pro Screen Capture #104 - 'Фото_ Првата жена која почина од канабис!Линк до оригиналниот напис: Прва жена која починала од канабис

Датум и време на објавување: 31.01.2014, 13:35

Датум на рецензирање: 02.02.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Медиумот експлицитно тврди дека „триесет и едно годишната Британка… е прва жена која починала од срцев удар предизвикан од употреба на алкохол и канабис“… Медиумот со ништо не ја докажува оваа теза и не наведува извор кој ја потврдува оваа информација. Тоа нѐ наведува на заклучок дека информацијата не е вистинита.

Извори на информации: Не се кажува од каде е преземена веста.

Содржајност: Или поради лошиот превод, или поради просторот, информацијата не е до крај содржајна, има нелогичности и не е поткрепена со факти. Се добива впечаток како написот намерно намерно да е оставен нејасен, недоречен, а пораката замаглена. Вели: „првата жена која починала од срцев удар предизвикан од употреба на алкохол и канабис“… Во содржината немаме одговор каде таа била прва жена што на овој начин починала ? Во светот ? Во Британија? Во нејзиниот град? И, каква поврзаност има нејзината смрт со тоа што „била посветена христијанка и мајка на три деца“.  

Оригиналност/Плагијат: Очигледно дека е плагијат – не е наведен извор.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален. Во него е содржана вест која со текстот не може да се докаже.

Фотографија: Текстот е илустриран со неколку фотографии за кои не знаеме чии се, бидејќи немат легенда. Треба да претпоставиме дека се од Гема Мос за која медиумот пишува дека починала од канабис.

Заклучок: Денес, аудиториумот има се поголеми барања и самите читатели откриваат кога обработката на некоја тема отстапува од основните кодекси на новинарската професија. Ако се изземе онаа публика која се задоволува со дистрибуција на евтини, тривијални производи во медиумите, комуникациските потреби на голем дел од читателите, сепак, бараат во новинарскиот производ да се почитуваат кодексите на новинарската професија.

Ако во овој текст новинарот имал намера да покрене јавна дебата за наркоманијата, што е тема од општ интерес, морал да биде поодговорен и посодржаен.

Ако сакал да нѝ прикаже кратка новинарска приказна од секојдневниот живот, како документарна репортажа, морал да ја поткрепи со факти и да нѐ упати на извор на информацијата, да каже од каде ја презел веста. Со мало истражување утврдивме дека веста е пренесена од „Дејли мејл“ или од „Дејли Мирор“, односно од медиумите кои се таблоиди и не секогаш донесуваат вистинити и содржајни информации.

Авторот морал повеќе да просурфа  и да ја пренесе и информацијата од Би-Би-Си, кој ја објави истата сторија, но многу по сеопфатно, со повеќе извори кои укажуваат дека не може така лесно да се тврди дека девојката починала од употреба на канабис и алкохолот.

Да заклучиме: Прва и најважната обврска на новинарството е обрската kon вистината. Во овој случај не се испочитувани член 1. и член 4. од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци…

Член 4.

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Една мисла во “Рецензија: Прва жена која починала од канабис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести