verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Проститутките бараат легализација

on 25 - 12 - 2013       

o-o-0000000012356-00000954-crop-resize

Начинот на известување за сексуалните работници е предизвик за одговорното новинарство. Освен стандардната ограда што новинарот треба да ја изѕида меѓу своите лични евентуални предрасуди и известувањето, тој, исто така, како прв чекор кон професионализмот, треба и да го сообрази речникот. Како помош при работата на новинарите, Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници изработи речник на термини поврзани со сексуална работа и ЛГБТ заедницата уште во 2008 година.

Во него стои дека

„Сексуални работници се жени мажи и трансродови лица кои добиваат пари или други материјални добра во замена за сексуална услуга, тоа го прават редовно или повремено и кои можат, но и не мораат таквите активности да ги дефинираат како единствен извор на егзистенција.“

Ако се разгледува речникот, тогаш терминот, искористен во насловот на текстот што го рецензираме, остава сомнеж дека е политички некоректен.

o oЛинк до оригиналниот напис: Проститутките бараат легализација

Датум и време на објавување: 17.12.2013, 16:47

Датум на рецензирање: 24.12.2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Во текстот се известува од настан што е одржан, односно од марш во кој навистина учесниците се сексуални работници, како и поддржувачи на каузата за човековите права. Меѓутоа, од изјавите на претставниците на невладините организации, кои главно беа посредници во артикулирањето на мотивите и причините за маршот, може да се забележи дека не се споменува легализација на сексуалната работа. Пораката на организаторот е јасна – стоп за насилството врз сексуалните работници. Тоа ни од далеку не значи легализација на сексуалната работа.

„Невладините велат дека сексуалните работници непрестано се изложени на насилство од работодавците, макроата и клиентите.“

Од овој цитат во текстот е евидентно дека авторот е свесен за тоа кои се појдовните позиции на невладините организации, со кои пристапија тие кон маршот, па енигматично е зошто е извлечен таков наслов.

Извори на информации: Во телевизискиот прилог се забележуваат изјави од претставници од две невладини организации кои се официјални. Изјавите се репрезентативен став на организациите. Понатаму, авторот ги парафразира образложенијата на сексуалните работници за нивното одбивање да коментираат, но ги пренесува основните нивни забелешки. Не е наведен извор врз основа на кој авторот тврди дека „сексуалните работнички порачале дека не се илегалци“. Понатаму, од двете изјави од официјални извори се доаѓа до заклучокот дека тие апелираат институциите да се заложат за безбедноста, достоинството и човековите права, заштитата од тортура и дискриминација на сексуалните работници и воопшто не споменуваат легализација на сексуалната работа.

Содржајност:  Во текстот и прилогот изостанува основната информација дека е одржан марш на црвените чадори, како и за интернационалната димензија на овој настан.  Севкупната конципираност на текстот, околу основната и непоткрепена теза дека сексуалните работници побарале легализација, е непринципиелна. Во однос на содржината на напишаното, евидентно е дека во текстот сексуалните работници се систематизирани единствено во женски род, што не соодветствува со реалноста, каде за овој избор се одлучуваат и мажи.

Оригиналност/Плагијат: Станува збор за телевизиски прилог проследен со текстуална верзија од која се изоставени изјавите и кој е изворно создаден во редакцијата.

Квалитет на насловот: Во насловот се забележува доза на сензационализам и политички некоректен јазик, а од аспект на неговата намена тој дезинформира наместо да информира, поради тоа што изјавите во новинарскиот текст не соодветствуваат на него.

Фотографија: Станува збор за фотографија од маршот за кој се известува. Следејќи го критериумот на неманипулативност, таа е коректна. Забележлива е тенденција во видеото да се прикријат ликовите на дел од учесниците во маршот што е непотребно, бидејќи тие јавно и со согласност земаат учество во настанот, односно во маршот, не се осомничени и не се малолетници.

Заклучок: Станува збор за текст во кој основната цел и на маршот (а, тоа е да се прати порака за запирање на насилството кон сексуалните работници) е погрешно претставена како барање за легализација на сексуалната работа. Вниманието кон вокабуларот кога се известува за сексуалните работници би можело да биде поголемо, поради зборот употребен во насловот. Поприкладен е терминот „сексуална работничка“.

Корисни за новинарите се инструкциите во лекцијата на Зоран Бојаровски во која се вели дека оддавањето на сексуална работа (како и издавањето на простории за вршење на проституција) не е кривично дело, туку прекршок против јавниот ред и мир.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *