verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Причина повеќе зошто не треба да го ставате телефонот под перница

on 30 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Причина-повеќе-зашто-не-треба-да-го-ставате-телефонот-под-перница-I-A1ON-crop-resize

Во 21 век, човекот со големи чекори напредува во освојување на новите технологии, а животот стана незамислив без Wi-Fi уредите и мобилната телефонија. Безжичниот интернет и рутери кои емитуваат сигнали се секаде околу нас, а нивното влијание на човековиот и на другите живи организми сѐ уште не е поптполно истражено и јасно. Затоа, оваа област буди голем интерес и кај медиумите. Меѓутоа, при обработка на вакви теми потребна е голема претпазливост и знаење. Во спротивно, може да се згреши, публиката да се доведе во заблуда,  да се вознемири и исплаши од содржината која не е реално пренесена.

Рецензираме новинарски производ кој треба да ја покаже штетноста на зрачењето на рутерите и мобилните телефони, а видеото, всушност, го докажува спротивното што медиумот не го нагласил. Затоа и го рецензираме.

FireShot Pro Screen Capture #102 - 'ВИДЕО_ Причина повеќе зашто не треба да го ставате телефонот под перница I A1ON' - a1on_Линк до оригиналниот напис: Причина повеќе зошто не треба да го ставате телефонот под перница

Датум и време на објавување: 25.01.2014, 14:11

Датум на рецензирање: 28.01.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост:  Точно е дека пет девојчиња од едно училиште во Данска извеле експеримент со семиња од билки така што еден дел го изложиле под дејството на зрачењето на рутерот, а другиот го оставиле во „чиста“ просторија. Тие тврдат дека билките во просторијата каде имало зрачење од рутерот не се фатиле. Експериментот е изведен на аматерска основа во простор кој не е лабораториски контролиран.

Информацијата дека експериментот е направен и дека предизвикал голем интерес е точна. Меѓутоа, видеото кое ја следи информацијата го покажува спротивното, а медиумот тоа не го нагласил. Имено, во лабораториски услови со строго контролирани параметри овој екепримент е повторен и докажано е спротивното, дека нема битна поврзаност помеѓу моќта на рутерот и Wi-Fi сигналот од една страна и дали од семките ќе израсне растение. Со оглед на ова, веродостојност на целата информација може да се доведе во прашање.

 Извори на информации: Нема извор на информации, веста е преземена од регионални портали каде што е објавена уште на почетокот од минатото лето.

Содржајност: Информацијата не е до крај содржајна. Фотографиите и видеото кое ја прати не е автетично од експериментот кој го извеле петте девојчиња од училиштето во Данска. Оригиналната снимка може да се види овде.

Медиумот вели дека „по 12 дена, семето покрај бежичниот рутер воопшто не пораснало, а некои билки дури и мутирале. Билките од просторијата без зрачење нормално напредувале и биле потполно здрави“… Се враќаме пак на проблемот со прикажаното видео. Тоа не е од експериментот кој го направиле ученичките од Данска, а текстуалното објаснување кое го следи видеото е од сосема друг експеримент.  Во него се вели дека садот со семките е ставен директно на рутерот и тие се фатиле, односно не е утврдена битна поврзаност помеѓу моќта на рутерот и дали семките ќе се фатат. Прилогот е поткрпен со прецизно мерената моќ на рутерот, контролирана температура и други параметри. Понатаму, истиот експеримент е повторен со семките затворени во метален сад, при што е намалено влијанието на Wi-Fi зрачењето и има благо зголемување на бројот на семките кои се фатиле.

Ова е многу битен дел од содржината на прилогот кој не им е адекватно пренесен на гледачите и читателите со што тие се збунети и вознемирени само од констатацијата за негативното дејство на рутерите и мобилните телефони.

Оригиналност/Плагијат: Прилогот не е оргинален, бидејќи истиот е присутен на многу портали, од каде е и пренесен без да се наведе изворот.

Квалитет на насловот: Насловот е вознемирувачки без подетално образложение во текстот.

Фотографија: Фотографијата не кажува ништо, а видеото без преводот и подетално објаснување може да ги вознемири гледачите.

Заклучок: Научната проблематика и толкувањето на експериментите бараат малку поголемо предзнаење за темата која се обработува. Во богатите редакции постојат стручни консултанти за повеќе области, од науката, културата, уметноста… Кај нас тоа не е случај, па новинарите често се впуштаат во обработка на темите за кои немаат основни предзнаења.

Во овој случај авторот се впушта во проблематика од областа на молекуларната биологија, а воопшто не обрнал внимание на видеото кое го приложил и не се потрудил да ги прочита и преведе коментарите. Со тоа направил голема матерјална грешка во текстот и ги довел во заблуда гледачите да помислат дека го следат експериментот на петте девочиња. Во она што го гледаме, всушност, се работи за многу посериозен и научно докажан експеримент во кој се дадени сите потребни параметри (температурата, зголемување и силата на зрачењето на рутерот, подлогата и подготовката…) со кои се следени семките и побиена е тезата на  на петте девојчиња за „причина повеќе зошто не треба да го ставате телефонот под перница“. Тоа може да се провери овде

Авторот при презентација на прилогот требало повеќе да истражи на интернет и да ги најде автентичните снимки на ученичките од Данска, како и да го „закачи“ овој прилог со што целата информацја би била поптполна и јасна и не би внесувала забуна и вознемирување од „силното негативно влијание на електромагнетно зрачење на рутерот“.

Основната замерка на овој прилог е  брзоплето обработена информација без подлабока анализа на прикажаната снимка и без наведување на изворот.

Со тоа се прекршени член 1. и член 4. од Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци… Точноста на информации треба да се провери колку штое тоа можно.

Член 4.

Новинарот ќе го назначи изворот на информации…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести