verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Купи билет за Штип, ќе те однесат во Тетово

on 9 - 07 - 2015       

Fakulteti-disperzirani-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: При неколку правни факултети, се дисперзираат правни студии]

 

Во време на главно политички теми, сторија од областа на високото образование секако привлекува внимание поради отклонот од дневното клише на медиумите. Особено зашто низ насловот и наднасловот се посочува појавата на „нелојална конкуренција“ и тоа не меѓу државни и приватни факултети, туку меѓу оние кои се „бунарот“ на државата. Интересно и недопрено! Авторот на текстот умеел да нè привлече кон напишаното, ама кога ќе навлезете во темата, едноставно се чувствувате измамени.

Fakulteti-disperzirani-09876-0987Линк до оригиналниот напис: При неколку правни факултети, се дисперзираат правни студии

Датум на објавување: 06.07.2015

Датум на рецензирање: 07.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

И по пристојниот вовед во темата, сфаќате дека или некој драстично го скусил текстот или авторот не успеал во намерите да најде соговорници и доволно факти, најпрвин да го оправда насловот. Истиот, да се потсетиме, говори за дисперзија на правни факултети во градови каде тие веќе постојат! Но, во текстот нема ниту еден таков пример. Дури, речиси, нема правен факултет како име?!

Концентрацијата на авторот како да е завртена кон конкуренцијата на двата тетовски универзитети, Штуловиот и ДУТ, ама тоа бара и соодветна најава, наслови, поднаслови и изменета структура, која би го објаснила стеснувањето на интересот. Вака, како да сте купиле билет за Штип, а автобусот ве однел во Тетово!

Особено поради тоа што високото образование на албански јазик е сè уште во повој и што и обете институции почнаа во Тетово, иако во Скопје и во другите градови, исто така, живеат лица кои би сакале да стекнат диплома, учејќи на мајчиниот јазик. Потоа, едниот е приватен, а вториот државен универзитет и таква конкуренција е, сепак, дозволива и треба да се стимулира.

Штета за темата. Поголем дел од читателите веројатно се наострија да прочитаат нешто за конкуретските серијали на УКИМ и на „Гоце Делчев“ за што барем во „уличните весници“ има доволно приказни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

Се користи извор за еден од наведените примери а ги има дузина

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

Ги најавува ама не ги отвора

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

Нема доволно информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести