verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Површна, нецелосна информација за објавувањето „бомби“ да стане кривично дело

on 9 - 10 - 2015       

http___wwwtelegrafmk_aktuelno_mak-crop-resize

 

[Рецензија: Предлог  за нов закон: Објавувањето „бомби“ да стане кривично дело]

 

На читателите им е понудена површна, нецелосна информација за намерата на двете владејачки партии , ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со закон да се забрани објавувањето на прислушуваните материјали, за што коалициските партнери  доставија (6 октомври 2015 година) предлог во Собранието. Написот премолчулва многу битен момент –  дека медиумите може да се сооочат со драконски затворски  казни, доколку објават разговори или транскрипти од таканаречените опозициски „бомби“.

http___www.telegraf.mk_aktuelno_makЛинк до оригиналниот напис: Предлог  за нов закон: Објавувањето „бомби“ да стане кривично дело

Датум и време на објавување: 06.10.2015, 15:14

Датум на рецензирање: 07.10.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

А ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ?

Веста што ја рецензираме е половична. Имено, таа соопштува дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ поднеле во Собранието законски предлог „со кој се  бара да се запре со објавувањето на аудио снимките што ги објавуваше опозицијата“.

Кажува дека во случај овој закон да се усвои сите медиуми од своите веб-страници ќе треба да ги избришат своите објави поврзани со прислушуваните разговори. А, ако некогаш повторно ги реобјават или ги искористат на каков било начин, кривично ќе одговараат. Во текстот има и куса изјава од еден од подносителите на предлог-законот (пратеникот од ДУИ, Талат Џафери) и таа е коректно пренесена. Фактички, материјалот во целина нема проблем со вистинитоста. Но, спорно е тоа што е недоречен – некомплетен.

Недостига делот што се однесува на високите санкциите што ги предвидува  предлог-законот за ваквото „кривично дело“.

Поточно, во членот 4 од ова законско решение е наведено дека секој што ќе објави прислушувани разговори или фрагменти од нив, во земјата или во странство, ќе се казни со затвор од најмалку четири години. Доколку, пак, поради објавувањето на вакви разговори се случи некој да почине, казната се зголемува на минумум 10 години.

Така што, наспроти принципите утврдени во  новинарскиот Кодекс – првиот амандман, каде, меѓу другото, е наведено дека новинарот нема да прикрива суштински податоци, на јавноста не ѝ се кажуваат важни информации што говорат за тоа каква цензура им се заканува на медиумите. И, токму нивното прикривање ја прави веста политички пристрасна и испраќа фалична слика за споменатиот предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести