verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Повик до муслиманите во Чаир: Немој да славиш, плаши се од Алах

on 20 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Немој-да-славиш-плаши-се-од-Алах-I-Република-Online-republika_m-crop-resize

Веста, според стандардите на новинарската професија, треба да биде брза, кратка и јасна, но не треба да биде брзоплета, непроверена, тенденциозна, вознемирувачка… Рецензираме таква „вест“, илустрирана со фотографија за која не знаеме каде е снимена, а која вознемирува, заплашува и создава раздор во мултиетничка и мултиконфесионална средина. Според текстот, во населбата Чаир муслиманите се повикани да го „нокаутираат“ Дедо Мраз и да не слават Нова година.

FireShot Screen Capture #077 - 'Повик до муслиманите во Чаир_ Немој да славиш, плаши се од Алах I Република Online' - republika_mЛинк до оригиналниот напис: Повик до муслиманите во Чаир: Немој да славиш, плаши се од Алах 

Датум и време на објавување: 18.12.2013, 10:36

Датум на рецензирање: 19.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Не знаеме, а не можеме ни да провериме дали оваа вест е точна. Немаме извор на информација, не знаеме колку такви фотографии со вознемирувачки натпис се поделени или залепени низ населбата. Општината Чаир зафаќа површина од 53 квадратни километри и во неа живеат повеќе од 65.000 жители. Каде точно се залепени или поделени овие фотографии? До колкав процент на населението стигнала оваа порака ? Дали се работи за изолиран инцидент или за масовен повик до муслиманите? Од оваа вест не дознаваме што е вистината.

Извори на информации: Нема извор на информации што под сомнеж ја доведува целата вест.

Содржајност: За сметка на „трката по ексклузивност“ медиумот заборавил на другите елементи важни за информирањето на граѓаните, а тоа е содржајноста. Дури ни фотографијата на која се повикува медиумот не ја дополнува содржината на информацијата. Објавена е фрагментарно и не може да се добие впечаток дали тоа навистина се случило на територија на Општината Чаир или фотографијата е исечена од некој портал. Не е доловен амбиентот во кој фотографијата е снимена и кој ќе ја дополни содржината на објавената вест.

Коментирање: Медиумот се впушта во коментирање за да ја засили пораката, според која муслиманите Новата Година не треба да ја слават како другите граѓани на Македонија „Исламот си има своја нова година – Хиџри…на 9 ноември“. Ова може да се протолкува како опасна порака: Славете си ја вие вашата, а ние нашата нова година.

Оригиналност/Плагијат: Не може да се утврди. Веста не е потпишана како авторски текст, а медиумот не се повикува изјаснува дали ја пренел од друго место.

Квалитет на насловот: Насловот е мобилизирачки, вознемирувачки, и заплашувачки („плашете се од Алах“) за еден дел на населението кое е од муслиманската религиозна заедница, но ги вознемирува и сите други граѓани, бидејќи повикува на поделби.

Фотографија: Фотографијата што треба да ја потврди веродостојноста на наведените „факти“ е фрагментарна. Не знаеме дали е автентично снимена во оваа општина или е од некаде преземена. Не ги потврдува наводите во текстот: „фотографиите се залепени низ скопската Општина чаир“ .

Заклучок: Ова нее вест, ова е многу опасен и тенеденциозно пренесен вознемирувачки повик, кој можеби и се појавил на некоја микролокација, а упатува на сегрегација и апартхејд. Доаѓа во чувствителен момент на заострени меѓуетнички и меѓурелгиозни односи во заедницата, пред серија религиозни празници и пречек на Новата Година, Божик… Медиумот не објаснува колкави се размерите на оваа порака, не ја осудува како инцидент, само долева масло на огнот и како  мегафон уште еднаш врши трансмисија на пораката: „Тој што го практикува начинот на верување на неверниците не е дел од мојот народ. Немој да славиш, плаши се од Алах“.

На социјалните мрежи се појави објаснување и осуда, дека се работи за изолиран инцидент на неколку куќи и канделабри на микропросторот во Општината Чаир и дека нема големи и сериозни размери поради кои би требало да се возбудуваме.

Тогаш, што сакал медиумот? Со пренесување на пораката од фотографија да им направи „услуга“ на „муслиманите,“ бидејќи неговиот тираж е поголем од испечатените десетина фотографии со ваква порака. Оваа вест е крајно вознемирувачка со цел една релегиозна заедница да се претстави како насилна.

Иако не можеме да кажеме дека експлицитно постои говорот на омраза, информацијата и фотографијата објавени во медиумот, меѓу редовите ја кријат таквата порака и побудуваат негативни чувства кон муслиманите. Без причина, без факти, вперен е прст на цела една религиозна заедница.

Во услови на  нагласено изострена атмосвера во поглед на меѓуетничките и религиозните односи , професионалниот кодекс на новинарите им налага на медиумите посебна одговорносот за секој јавно кажан збор, бидејќи тие го обликуваат јавното мислење, а со ваквото однесување можат да поттикнат на омраза што е не сходно на новинарската етика.

Според ИФЈ (Меѓународна федерација на новинарите) медиумите имаат посебна одговорносот кога треба да објавуваат информации слики , мислења кои во себе кријат непријателство, или омраза или доколку постои веројатност дека  објавеното може да предизвика  дополнителни тензии кон друга етничка заедница, или поединци поради нивната, во овој случај, религиозна ориентација.

Контекстот во кој е ставен овој „инцидент“ бара двојна внимателнсот и строго почитување на Кодексот на новинарите, бидејќи се работи за многу чувствителна тема, меѓурелигиски и меѓуетнички односи. Авторот можел да побара и мислење од другата страна, од ИВЗ. Да пренесе дел од коментарите на социјалните мрежи со дијаметралното спротивно толкување:

„Исламот, како религија повикува на мир, толеранција и против насилието, оној кој поставил вакви фотографии е во служба на лудило а не во служба на муслиманите.“

Не е испочитуван член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 10.

Новинарот нема да потикнува на насилство и дискриминација по било која основа.

Не е испочитуван Кодексот на Меѓународната Федерација на новинарите, поглавје за различности во медиумите, член 1.

При пишување на секоја приказна треба да се интервјуираат луѓето кои имаат различни ставови за темата. Ако медиумот критикува цела етничка група, (религиозна или друга заедница) на претставниците на таа група треба да им се даде можност да одговорат. Во спротивно, новинарот се претвора во  пропаганден мегафон на едната  страна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не експлицитно

не експлицитно

потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести