verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: После се жали дека го бркаат од Собрание

on 8 - 07 - 2013       

Фото-веста се занимава со еден банален детаљ од секојдневието на новинарската галерија во македонското Собрание, каде колегата Насер Селмани си ги собул патиките за да си ги одмори нозете, додека ја следеше седницата.

И додека ваквата фото вест, со соодветен наслов и легенда, ќе делуваше дури и симпатично (и новинарите се луѓе, да речеме, и тие се изморуваат или ги мачи горештината, итн…), наднасловот и насловот во овој случај се во функција на лична дискредитација и исмејување на Селмани на верска и национална основа, како и врз основа на неговиот претходен професионален настап (алузија на настаните од 24 декември 2012).

Авторот успеал во само две реченици да се потсмева на името, националната и верска припадност и професионалниот ангажман на Селмани како претседател на ЗНМ. Накусо кажано: невкусно, непрофесионално, навредливо.

 

Рецензија: После се жали дека го бркаат од СобраниеЛинк до оригиналниот напис: После се жали дека го бркаат од Собрание

Датум и време на објавување: 29.06.2013

Датум на рецензирање: 30.06.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Спецификата на фото-веста е што целата информација се презентира директно во фотографијата, каков што е и овој случај, па нема дилеми околу точноста и веродостојноста на фактите. Сосема друга работа е во каков контекст таа фото-вест ќе биде ставена, бидејќи токму контекстот е оној кој го определува карактерот на информацијата.

Пристрасност: Елементот на пристрасност е особено силен во овој случај, каде неутрална фотографија на новинар е искористена за извртување на вистината под маска на некаков наводен хумор, а всушност во обид да се исмее неговиот револт од настаните околу исфрлувањето на новинарите од галеријата на македонскиот Парламент на 24 декември 2012 година. Политичката пристрасност, меѓутоа, не можеше да биде ретуширана ниту со невкусна шега, па таа останува проѕирна.

Коментирање: Во овој случај, коментаторските елементи се содржани во наднасловот и насловот на веста, односно целосно го сочинуваат пишаниот дел на информацијата, определувајќи го нејзиниот карактер.

Оригиналност/Плагијат: Потребно е да се напомене дека е наведен авторот на фотографијата, која послужила за фото-вест, но не и авторот на информацијата, кој ја опремил фотографијата со наднаслов и наслов.

Квалитет на насловот: Иако секогаш важен елемент, во дадениов случај, насловот е оној кој го одредил карактерот на пласираната информација. Тој е тенденциозен, некреативен, неинформативен и крајно несоодветен.

Фотографија: Фотографијата е сржта на оваа вест. Во овој случај, таа е злоупотребена за обид за дискредитација на личноста која е претставена на неа.

Говор на омраза: Изразито навредлив говор, насочен кон дискредитација на колегата Селмани преку исмевање со неговото име, верска и национална припадност. Дискриминирачки третман по најмалку два основа: национален и верски, но, пред сѐ, човечки.

Заклучок: Како облик на новинарско изразување, фото-веста е многу податлива и атрактивна, како за новинарот, кој една интересна фотографија ја обликува како вест, така и за консументот на таа информација, кој добива инстант, директна, јасна и недвосмислена, сублимирана вест, според начелото: Една слика вреди илјада зборови.

Но, фото веста во себе крие и стапици – таа е најлесно орудие за спинување на вистината, таа е најомиленото и најубојно оружје со кое се врши злоупотребата на медиумите, кога една фотографија се става во определен, главно негативен контекст, во обид да дискредитира одредена личност, група или организација.

Контекстот обично го определува наднасловот и насловот или легендата под фото-веста. Во дадениов пример, една неутрална, животна ситуација, во која објективот го уловил колегата Насер Селмани во македонското Собрание, со само две реченици е трансформирана во пристрасен и дискриминирачки напис, кој атакува врз него како личност.

Рецензија: После се жали дека го бркаат од Собрание

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродсотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

1 извор: 1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатна

прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно

има

има

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести