Рецензија: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка
Објавено во Рецензии
on 25 - 02 - 2014 Автор: Оливера ВојновскаПред нас е вест која тежи од јазични, литературни и граматички грешки, а има и географско промашување. Станува збор за материјал преземен од српски медиум, кој не е ниту редактиран , ниту пак, лекториран. Грешките почнуваат уште од насловот: „Полудел од љубомора: „Белограѓанин во Беч со кујнски кож до смрт ја избол својата бивша девојка“, кој во комбинација со поднасловот:„Австралиската полиција го уапсила Белограѓанинот Игор.М. (33)…“ , делува збунувачки. Така што е нејасно дали инцидентот се случил во Австрија, или Австралија!?
Линк до оригиналниот напис: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка
Датум и време на објавување: 23.02.2014, 12:40
Датум на рецензирање: 24.02.2014
Рецензент: Оливера Војновска
Вистинитост: Многубројните грешки ја прават веста нејасна, но таа нема проблеми со вистинитоста.
Извори на информации: Како извор на информации се користи странски медиум, но не се наведува линкот .
Содржајност: Содржајноста на оваа вест од десетина реда се изгубила во грешките и во преводот. Таа е целосно несредена: има јазични (Белограѓанин, Беч, избол), словни (свјаота) и правописни (фебруари) грешки, несоодветна употреба на голема буква (Белграѓанин ), погрешно напишани термини (локна крв, наместо локва крв), а своевиден „проблесок“ достигнува со „австралиска“ полиција.
Оригиналност/Плагијат: Посочено е дека веста е преземена од еден српски сајт. Меѓутоа, според конструкцијата и начинот на кој е пласиран материјалот што го рецензираме, наликува на целосна копија од друг српски медиум, каде е објавен во потполно иста форма и со идентични: наслов, поднаслов и фотографии.
Квалитет на насловот: Покрај јазичните и словните грешки во насловот, тој е и премногу долг.
Фотографија: Веста е преземена од српскиот медиум заедно со двете фотографии.
Заклучок: Македонската верзија на веста е исклучително лоша, бројните грешки, всушност, ја упропастиле нејзината содржина. Гледано од професионален аспект, ниту еден медиум не смее да си дозволи ваков начин на обработка и пласирање на информациите. Одговорноста е уште поголема ако се работи за телевизија со национална концесија. Веста поради грешките стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, а за тоа говорат и коментарите под текстот објавен на интернет страницата на телевизијата. Веројатно, токму ваквите реакции се причината поради која медиумот наредниот ден ја повлече веста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови