verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Покрај Тасева, ниту Малиновски не е независен

on 21 - 05 - 2013       

Што ли треба човек да се смета за „независен“?

Рецензија: Покрај Тасева, ниту Малиновски не е независенЛинк до оригиналниот напис: Покрај Тасева, ниту Малиновски не е независен

Датум и време на објавување: 20.05.2013, 10:56

Датум на рецензирање: 20.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Текстот на порталот Курир, во кој се тврди дека двајцата експерти, избрани од градоначалникот Андреј Жерновски, да извршат ревизија на проектот „Скопје 2014“, иако не нуди директни докази, се потпира на два круцијални навода, кои ги сметаме за точни – фактот дека адвокатот Драган Малиновски го бранел кардиологот Борче Петровски и фактот дека Слаѓана Тасева го критикувала проектот.

Извори на информации: ВМРО-ДПМНЕ, како извор кој тврди дека Тасева и Малиновски се „избрани функционери од страна на Собранието на РМ во време кога мнозинството го имаа СДСМ и ЛДП“ и дека се и „гласни поддржувачи на политиката на опозицијата и редовно учествуваат во активности организирани од т.н. невладини организации на СОРОС“, е нерелевантен и неактуелен извор.

Содржајност: Кога веќе се повикува на нерелевантниот факт дека Малиновски бил адвокат на кардиологот Петровски, можеби е потребно да се каже како завршил процесот (според нашите сознанија, Петровски е ослободен од обвинението).

Исто така, недостасува информација во кое својство и на кои позиции биле избирани двете засегнати личности, во време кога СДСМ бил на власт. Веројатно кога тие факти би биле соопштени, аголот на текстот би претрпел сериозен „удар“.

Пристрасност: Главната причина поради која овој напис е предмет на анализа е несекојдневниот и донекаде наивен спин – од кога адвокат што бранел кардиолог „кадар на СДСМ“ и самиот станал политички „зависен“? Дали бранителот на убиец и самиот станува убиец? И зошто ставот на Тасева за „Скопје 2014“ се смета за елиминаторен?

Говор на омраза: Втората причина поради која го анализираме овој релативно кус напис, е што се обидува да ги дискредитира засегнатите лица. Адвокатот Малиновски се дискредитира врз основа на неговата професионална припадност  – ако се прифати логиката, според која адвокати кои бранат осомничени за криминал (тоа им е основна работа!) и самите стануваат „неподобни“, тоа би значело дека на нив им се недостапни многу можности и ангажмани.

Тасева е дискредитирана врз основа на нејзиниот став за значајно општествено прашање, став кој, според логиката на авторот, исто така ја прави „неподобна“ за конкретен професионален ангажман – ревизор. Тоа што двајцата настапувале на трибини на НВО поддржани од Сорос, во Македонија веќе се смета за доволна, па и легитимна причина за нивно омаловажување.

Тасева е дискриминирана врз основа на став за општествено прашање, став кој, според логиката на авторот, исто така ја прави „неподобна“ за конкретен професионален ангажман. Тоа што двајцата настапувале на трибини на НВО поддржани од Сорос, во Македонија веќе се смета за доволна, па и легитимна причина за дискредитирање.

Заклучок: Користејќи необичен спин, кој е лесно да се детектира и да се доживее како неприфатлив, написот поттикнува предрасуди и дискредитира две личности, на кои им се одрекува „независноста“, а со тоа и подобноста да бидат ангажирани на задачи, за кои единствено релевантно мерило би требало да биде нивната стручност.

Рецензија: Покрај Тасева, ниту Малиновски не е независен

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *