verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија

on 19 - 11 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

 

mmm23-09876-098-crop-resize

 

Ако важи дека „доброто вино, но без добра амбалажа веднаш губи вредност“, тогаш овој текст го потврдува правилото дека лошиот наслов вкупно го нагрдува целиот производ. Непотребното и вонконтекстуалното интервенирање во насловната конструкција е главната причина зошто написот, кој во основа е коректен, сериозно паѓа на скалата на квалитетот.

2Линк до оригиналниот напис: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија

Датум и време на објавување: 02.11.2014 15:49

Датум на рецензирање: 17.11.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПУТИН ВО НАСЛОВОТ, А НИТУ „П“ ОД ПУТИН ВО ТЕКСТОТ

Генерално, вистинитоста на текстот не е спорна. Станува збор за официјална посета на шефот на македонската држава на Србија, средбите со тамошниот државен врв, учеството на состанокот на мистериозната Трилатерална комисија, како и неговите придружни настани – средби со македонското малцинство. Општо, не би имало сериозен проблем ако текстот не беше објавен со наслов кој, во најмала рака, е потпикувачки. Неразбирлив е новинарскиот чекор да се искористи формулација „По Путин во Белград, Иванов со светските моќници…“, а во содржината подолу никаде не се споменува рускиот претседател и која е неговата врска со шефот на македонската државата, освен дека двајцата, со одредена меѓусебна временска разлика, биле во посета на Белград. Значи, нема каква било, од содржински и од контекстуален апсект, причина да се употреби името на рускиот и на македонскиот претседател во насловот. Да, во ред е да се каже дека „Иванов ќе се сретне со светските моќници“ – бидејќи фамозната „Трилатерална комисија“, која се мистифицира како некаква светска влада во сенка, во тој период имаше собир во Белград, но апсолутно нема место и за Путин во насловната конструкција, бидејќи, едноставно, тој не бил во главниот град на Србија кога и Иванов и не бил на состанокот на Трилатералната комисија. Впечатокот е дека се сакало да ѝ се придаде уште поголема важност на „белградската мисија“ на македонскиот претседател, со тоа што ќе се каже дека „по Путин“ тој дошол во главниот град на Србија за да се сретне со „светските моќници“. Прво, посетата на Иванов имаше билатерален карактер и примарна цел биле состаноците со српските власти, а дури потоа е неговото присуство на „Трилатералната комисија“. Ама, тоа не е така изведено во насловот и делумно се заблудува јавноста, иако, како што веќе напоменавме, содржината е коректна и го следи реалниот тек на настаните: средби со Томислав Николиќ и со Александар Вучиќ, па „Трилатералата“, па посетата на тамошната македонска заедница.

 

„НАСЛОВОТ ДЕЛОТО ГО КРАСИ“

Таквото „накалемување“ во насловната конструкција најавува добра доза пристрасност и губење од вид на објективноста и на избалансираниот пристап и го намалува квалитетот и коректноста кои постојат подолу во текстот, како и содржајноста која дава релативно добра слика на престојот на Иванов во Србија.

Оттука, да се вратиме на почетокот и на значењето на насловната конструкција за еден новинарски производ. Би ја модификувал позната изрека и би кажал дека „Насловот делото го краси“, што секако не е случај во овој конкретен текст. Еве малку помош за тоа како да се стигне до добар наслов.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

поради насловот и да и не

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

насловот, кој е составен дел, секако не

во насловот да

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести