verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поплава не видовме, ние само лиферуваме општински соопштенија

on 20 - 06 - 2015       

По-поројниот-дожд-расчистени-http_republikamk-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела Вода]

 

Пред нас имаме некритички пренесена информација во која е само „проголтано“ соопштението од Општина Кисела Вода, без никаква новинарска доработка, и текстот не дава објективна слика за тоа како изгледаа улиците од оваа населба по поројниот дожд на 17 јуни 2015 година. Во информацијата се соопштува дека улиците се расчистени и проодни, а не се кажува дека дел од населбата беше целосно под вода. Тоа, пак, може да се види од  фотографиите и од видеоснимката што се споделуваа на социјалните мрежи (поставени од жители на Кисела Вода), а кои беа пренесени во некои медиуми со наслови  „Кисела Вода како Венеција“.

По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела_ - http___republika.mk_

Линк до оригиналниот напис: По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела Вода

Датум и време на објавување: 17.06.2015

Датум на рецензирање: 18.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НЕКРИТИЧКА ОПШТИНСКА ОБЈАВА

Во текстот е назначен изворот и точно се пренесува исвестувањето од Општината. Проблемот е што тој се фокусира само на општинската објава. Ја презентира  интегрално, како што е пласирана на општинската веб-страница, со речиси идентичен наслов и како илустрација користи една од објавените фотографии. Тоа ни од далеку не ја прикажува реалната состојба на местото на настанот.

Од  написот не може да се разбере дека дел од улиците беа целосно поплавени, дека имаше заглавени возила кои буквално пливаа во водата.

Тоа во материјалот што го рецензираме воопшто не се спомнува, туку се дава само соопштението од Општината, во кое во преден план е ставено дека функционирал системот за атмосферска канализација на улиците „Ѓорѓи Димитров”, „Локов”, „Фредерик Шопен”, „Боро Камчевски”, „Пушкинова”, изграден во последниве две години (значи во мандатот на актуелната општинска гарнитура). И, притоа, се нагласува дека на споменатите улици  воопшто немало проблем, со потсетување дека тоа било редовна појава во некои други времиња!

„…во минатото ваквите поројни дождови речиси секогаш зад себе оставаа поплава…“

 

А ПОПЛАВА, НЕМАЛО!?

Но, што е со поплавата на улицата Димо Хаџи-Димов за која грѓаните објавија фотографии? Имало ли таму поплава? Според овој напис – немало!

Во општинскотo соопштение, кое во текстот е пласирано без новинарска опсервација, поплавата е замаскирана. Па, во една ублажена форма се кажува дека:

„во однос на улиците  „Димо Хаџи Димов” и „Сава Ковачевиќ, од страна на Секторот за комунални дејности при општина Кисела Вода, веднаш беше искомуницирано со ЈП „Комунална хигиена” и ЈП „Водовод и канализација”, чии екипи веднаш излегоа на терен…“

Истовремено, се истакнува ангажманот на Општината и вината за  „настанатата ситуација на улицата „Сава Ковачевиќ”,  се префрла на друга адреса – Министерството за транспорт и врски. Се вели дека проблемот настанал поради:

„…слевање на земјен материјал од поројните дождови, настанат од изведба на градежни активности од Министерството за транспорт и врски, за изградба на фекален колектор кон Сопиште, во склоп на проектот Сончев град“

И, ако за ваквиот пристап на информативната служба на Општината, може да се најде разбирање, тоа не може да се оправда во еден новинарски текст. Не може единствениот извор на информации да биде соопштението од Општината. Бидејќи, нели, доколку некој сака да чита за  проектите и за ангажманот на општинските власти, може да ја отвори веб-страницата на Општината и таму да го прочита интегрално нивното соопштение.

Но, тоа не е поентата на една медиумски информативна содржина (вест, информација, извештај) која треба да ја пренесе вистинската слика од теренот, фатена од сите агли. Тоа, во конретниот пример, не е направено.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести