verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пештерски слики стари 5.000 години откриени во Мексико

on 28 - 05 - 2013       

Нема ништо проблематично во однос на текстот на објавената информација. Причината за реакција е фотографијата што е употребена за илустрација на текстот. Бидејќи станува збор за текст објавен на CNN, ќе беше добро ако беше употребена соодветна фотографија, какви што го следат текстот објавен на нивниот сајт.

Во овој случај преведени се само неколку параграфи од изворниот текст, објавен на CNN, а употребена е фотографија на која е прикажан цртеж од пештерата Ласко во Франција.

Рецензија: Пештерски слики стари 5.000 години откриени во МексикоЛинк до оригиналниот напис: Пештерски слики стари 5.000 години откриени во Мексико

Датум и време на објавување: 24.05.2013, 15:26:32

Датум на рецензирање: 25.05.2013

Рецензент: Тони Димков

Вистинитост: Станува збор за превод на текст во кој се употребени информации од стручни лица во областа на антропологијата и историјата.

Извори на информации: Информацијата е базирана на откритие во истражувањата на Националниот институт за антропологија и историја на Мексико.

Содржајност: Иако во информацијата се преведени само фрагменти од изворниот текст, нема намера за прикривање на информации, а објавениот текст ја носи суштината на информацијата.

Пристрасност: Нема пристрасност во објавената информација.

Коментирање: Информацијата е пренесена во чиста форма, без коментаторски елементи.

Плагијат: Информацијата е објавена без да се цитира авторот на изворниот текст и да се нагласи изворот на текстот.

Квалитет на насловот: Има блага тенденција насловот да биде сензационален и да го привлече окото на читателот, но во прв план е поставена неговата информативна функција.

Фотографија: За илустрација е употребена фотографија која нема намера да манипулира со фактите, туку едноставно не е соодветна за информациите кои се изнесени во текстот, односно употребена е формално, колку да има илустрација со која ќе биде проследен, а би била блиску до содржината на текстот.

Говор на омраза: Текстот не содржи говор на омраза.

Заклучок: Често се случува редакциите да објавуваат кратки агенциски вести за да исполнат некаков дневен лимит на објави на својот сајт/портал/медиум. Веројатно и тука станува збор за таков случај. Таков заклучок можеме да извлечеме од должината на написот/информацијата и фотографијата која е употребена за илустрација на текстот.

Целиот напис делува формално. Не се наведени линковите до изворот на информацијата и не е цитиран авторот на текстот.

Со употребената фотографија е направена збрка во однос на фактите кои се изнесени во написот. Употребена е формално и не е наведен ниту изворот ниту авторот на фотографијата.

При продукција на преземени информации правило е да се нагласи изворот од кој се презема информацијата, што тука не е случај. Во однос на фотографијата, често се случува да се употреби каква било илустрација на текстот, дури и без авторски права, со намера побрзо да биде поставен на сајтот. Во такви ситуации добиваме информација во која пештерски цртежи од Мексико се илустрираат со пештерски коњ од Франција.

Рецензија: Пештерски слики стари 5.000 години откриени во Мексико

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести