Рецензија: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари Заев ни го продал името
Објавено во Рецензии
on 5 - 03 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски
Ако го имаме предвид актуелниот политички момент во земјата, настанот од кој произлегува новинарскиот текст е, секако, легитимен извор на медиумска вредна информација. Исто така, секако, тој текст мора да ги почитува правилата на професионално однесување и постапување. Но, тој, за жал, потклекнува уште на првиот чекор поради проблемите со пристрасноста и со избалансираноста. Тоа го бара членот 14 од Кодексот на новинарите:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа медиумска содржина, во сите нејзини елементи, од насловот до завршниот дел, не е непристрасна, а уште помалку – избалансирана.
Линк до оригиналниот напис: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари Заев ни го продал името
Датум и време на објавување: 04.03.2015
Датум на рецензирање: 05.03.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Текстот што го рецензираме е издвоено мислење од јавен настап кое, и без проверка, е невистина. Односнно, невистина и обвинување. Како прво, бидејќи е проблематично потеклото на снимките за Бошкоски (кој се спомнува во изјавата како пример што треба да се следи и во случајот на опозиционерскиот лидер), тој не може да се смета за обвинет и за осуден за „продавање на името“.
Следствено, ниту дополнувањето дека и „Заев го продал името“ и дека за тоа треба судски да одговара, нема врска со вистинитоста зашто за нешто такво треба да има основано сомневање, истрага, а потоа и сè што следува…
Наместо тоа, имаме уште едно прекршување на Кодексот, овојпат на членот 8:
Начинот на информирање (…) и за судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
И на крајот, за да не должиме многу, на јавни собири можат да се изнесуваат лични ставови и мислења, но како тие ќе се пренесуваат преку медиумите, во голема мера зависи од чувството на одговорност на новинарот и на уредникот, односно од нивното почитување на професионалните стандарди, кои, соодветно на членот 10 од Кодексот, налагаат:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Дури и да се работи за слободно изречена политичка мисла или став, медиумот треба да ги искористи сите „огради“ за да извести дека се работи за лично мислење, а не да го пакува во содржина во која имаме констатација, решение на истрагата и покана за судско рочиште… Недостига уште пресудата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови