verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Падна најголемиот дилер на кокаин во земјава од скопско Грчец

on 20 - 05 - 2013       

На Денот на полицијата Дневник настојува низ еден текст да даде некаков меланж од пофалби за работата на полицијата, а истовремено да ја одбегне статистиката и другите форми на споредба за сработеното како вистински ефект за дејствувањето на едно министерство или еден нејзин дел – одржувањето и грижата за јавната безбедност.

„Секогаш први на местото на некој тежок инцидент, први во големите акции за апсење опасни криминалци, а често и меѓу првите што спасуваат луѓе што се закануваат дека ќе се убијат или дека некому друг ќе наштетат. Специјалната полициска единица „Алфа“ секојдневно е на улиците во поголемите градови во земјава, грижејќи се за редот и мирот и за безбедноста на граѓаните. Вчера, на 7 Мај, кога се одбележува Денот на македонската полиција, екипата на „Дневник“ помина едно попладне со двајца припадници на оваа полициска единица“ – се вели во воведот на тој жанровски чуден текст.

Рецензија: Падна најголемиот дилер на кокаин во земјава од скопско ГрчецЛинк до оригиналниот напис: Падна најголемиот дилер на кокаин во земјава од скопско Грчец

Датум и време на објавување: 07.05.2013, 16:29

Датум на рецензирање: 08.05.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Текстот не е ниту т.н. сторија од лице место, ниту опис на борбата против еден вид криминал (трговија со наркотици), туку е сплет на т.н. „ловечки приказни“, значи стории кои се читливи, ама не нудат, а често и несвесно од страна на читателот, не побудуваат потреба од мерење на вистинитоста: тие треба да претставуваат некакво сведоштво за што нема други „актери“ односно сведоци.

Извори на информации: Текстот главно се потпира на изјави на двајца неидентификувани припадници на полицијата. Една од нив е дадена само со име Мира, што може да е и измислено, бидејќи, прашањето на идентитетот на припадниците на Алфите е малку „скокотливо“.

Нема детали што со уапсените, дали нивното „ловење“ имало ефект со правосилна осуда, колку тоа го намалило криминалот…

Содржајност: Ако пишувате за апсење на трговец со наркотици, тоа треба да го компарирате со нешто – колку корисници имаме, колку дневно се продава дрога, дали се фаќа само мал дел од тргуваното, од каде фатениот е „најголем дилер“?!

Пристрасност: Во земјава, според податоци на аналитичарите, дневно се врти дрога во вредност од два милиони евра. Таа сума се добива кога ќе се помножи бројот на корисниците на дрога, регистрираните и претпоставените, со парите кои тие ги трошат на дневна основа. На таа основа се прават споредби дали е некој успешен или не во оваа криминална област.

Коментирање: Преку користење на два антрфилеа текстот вметнува коментари за успешноста на полицијата и тоа од претседателот на државата и министерката за полиција, што значи дека индиректно се користи и оваа форма на влијание на читателот.

Квалитет на насловот: Насловот лаже дека се работи за „директен пренос“ на настан. Згора, тој сугерира дека најголемиот дилер е од Грчец, ама не објаснува ниту зошто фатеното лице е најголем дилер и зошто скопско Грчец е криминално легло, што се сугерира со неговото апострофирање во насловот!

Фотографија: Фотографијата се придружува на насловот, за да сугерира присуство на авторот на текстот во полициска акција.

Заклучок: Текстот по својата содржина и микс на жанрови што нè враќа во ерата на социјализмот и пригодните прилози во весниците, со тоа ја комплетира сликата кај критичката јавност за поврзаноста на линија држава-партија-медиуми.

Рецензија: Падна најголемиот дилер на кокаин во земјава од скопско Грчец

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести