verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За „играње“ со сериозни прашања, треба сериозен новинарски ангажман

on 15 - 04 - 2015       

11111-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Овие светски лидери на одат на парадата во Москва, а треба да бидат БЛАГОДАРНИ што Русија ја спаси Европа од нацистите!]

 

Станува збор за, можеби, амбициозно замислено четиво чија реализација силно потфрлила. Би рекле, мало текстче за голема тема, кое наместо да даде преглед и објаснување зошто нешто ќе се случи, ни „продава“ тези и морални судови несоодветни за ваков медиумски запис. Ај што нам, македонската публика, ни пласира чудни и до крај необјаснети формулации кои зафаќаат страна, туку паралелно „им соли памет“ на најмоќните западни држави за нивните политики, без притоа да се даде продлабочена анализа или барем некаков увид во глобалните односи и состојби на релација исток-запад?! Ако некој решил да си „игра“ со сериозни прашања, тогаш требалo да биде подготвен за сериозен новинарски ангажман. Но, наместо тоа, имаме напис преку кој едноставно само се „претрчало“.

11111Линк до оригиналниот напис: Овие светски лидери на одат на парадата во Москва, а треба да бидат БЛАГОДАРНИ што Русија ја спаси Европа од нацистите!

Датум и време на објавување: 13.04.2015, 11:37

Датум на рецензирање: 13.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ЗАПАДЊАЦИТЕ“ СЕ ЕПТЕН КАБАЕТ, А РУСИТЕ – ДОБРИ?!

Ќе разберев ако некој „новинарски тешкаш“ со децениски багаж зад себе се зафатеше со оваа тема и продлабочено го анализираше проблемот, за на публиката соодветно да ѝ ја „преџвака“ напантоста во односите меѓу Москва од едната, и Вашингтон, Берлин, Париз од другата страна, што, меѓу другото, ќе резултура со недоаѓање на политичкиот врв на западниот свет на 9 Мај во Москва, на важниот јубилеј – 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Но, некој не докрај потпишан, само со име, ама без презиме, се обидел да подметне текст кој едноставно кажано е недораснат на задачата. Дека има многу слаб новинарски ангажман, зборува фактот што најсериозната криза меѓу Истокот и Западот од времето на Студената војна се третира само низ призмата кој ќе дојде, а кој не на прославата во Москва. Од новинарски аспект, бојкотот на парадата е само резултат на цела низа настани што се одврзуваа и се заврзуваа во последната година и пол, со почетокот на политичката криза во Украина, преку руското анектирање на Крим, до безмалку отоворената војна во Донбас. Не може на таква тешка материја да ѝ се пристапи, така да кажеме, лефтерно. Не навлегуваме во тоа дали е во ред или не, конечно тоа не е целта на оваа рецензија, отсуството на американскиот претседател и европските шефовите на држави и влади во Москва, туку само кажуваме дека морало да се објасни зошто е тоа така. Вака како што е напишано, излегува дека „Западњаците“ се ептен кабает, а Русите се добрите во приказната. Ќе беше убаво да е така, сѐ да е црно-бело, лошо-добро, темно-светло… Ама, не е.

 

СЛАБО ТЕКСТЧЕ ЗА МЕГАТЕМА

Значи требало, морало да се напише дека празните државнички места на Црвениот плоштад на 9 Мај се одговор на руското однесување кон и во украинската криза. Поедноставно, систем на акција и на реакција. Ајде само ваквиот ноншалантен однос во написот, кој впрочем не дава ниту трошка авторски печат, да беше проблем, но не е така. Низ целата содржина провејува впечатокот, би рекле пристрасен, што и отворено е кажано во насловот, дека со недоаѓањето во Москва западните политичари покажуваат непочитување кон улогата на Русија во борбата против фашизмот. Нивниот потег е знак на противење и на неодобрување на актуелната официјална политика на Москва, водена од новата Путинова доктрина, а не негирање на значењето и на постигнувањата на Русите во периодот 1941-45 година. На пример, германската канцеларка Меркел ќе биде во Москва еден ден по свечената парада и во знак на почит, ќе го посети гробот на Непознатиот војник. Значи, таа ќе преземе дипломатска мерка – преку неприсуството на свеченоста ќе го пренесе незадолството на Берлин од потезите на Москва, но со појавувањето веќе наредниот ден, ќе покаже дека во никој случај не го минимизира значењето на руските напори и жртви во војната. Сите западни државници, кои ќе го бојкотираат настанот, јасно кажаа дека нема да одат во Москва поради Украина и улогата на рускиот државен врв во тамошниот конфликт, а не поради нешто друго. Пораката е дека Европа, и воопшто Западот, се противат на милитаризацијата на руската надворешна политика која, според најавите на медиумите блиски до Кремљ, ќе биде отелотворена во досега најголемата деветтомајска парада, на која ќе продефилираат новите оружја на „мајка Русија“. Ако се користеле повеќе и поразновидни извори на информации, конечниот производ, секако, би бил подобар.

Вака, како што е напишано, добиваме ограничено и навистина несоодветно текстче за една мегатема, која „затресува“ на глобално ниво.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест) ама со лоши дополнувања

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести