Рецензија: Ова се најопасните антибиотици кои се продаваат во аптеките
Објавено во Рецензии
on 10 - 10 - 2013 Автор: Љубомир Костовски„Ако го слушнете името ципрофлоксацин, гемифлоксацин, левофлоксацин, моксифлоксацин, норфлоксацин, офлоксацин бегајте! Тоа се шест антибиотици кои можат да предизвикаат трајни оштетувања на нервите, што потврдила и американската Агенција за храна и лекови (ФДА)“.
Во последно време зачестија текстовите со кои се изразува скепса кон антибиотиците. Еден од нив, со сензационален наслов и содржина, го провлекува вниманието. Се работи за широка палета на лекови што ги употребуваат многу лица во овој миг и кај кои веста секако предизвикува шок. Но, од тоа произлегува и обврската со ваквите вести да не се биде „скржав“, туку да се дадат повеќе образложенија и да се види како кон неа се однесуваат нашите здравствени власти (Бирото за лекови, на пример). Но, затоа веста се презема од сајт кој не се познава и веројатно, преку трета или четврта рака на обработка. Инаку, веднаш би станало јасно за каков некредибилен извор се работи.
Линк до оригиналниот напис: Ова се најопасните антибиотици кои се продаваат во аптеките
Датум и време на објавување: 06.10.2013
Датум на рецензирање: 09.10.2013
Рецензент: Љубомир Костовски
Вистинитост: Изворот на информации е само еден линк (LewRockwell.com), кој тематски не е врзан за медицината и е доста широк во својата, така да се рече, борба против „општествените зла“, при што фармацевстките фабрики кај него се на лош глас. Пред сѐ, во ваквите текстови недостасува дури и линк кон ФДА, односно американската институција од каде наводно произлегува оваа вест.
Извори на информации: Освен споменатиот линк, кој не може да се земе како сосема веродостоен извор, бидејќи сајтот е, се чини, идеолошки ненаклонет кон корпорациските системи, неопходно е да постои мост и кон домашните извори. Дури и да се побарало мислење од некој медицински авторитет?! Но, тоа отсуствува.
Содржајност: И додека кај изворите текстот е тенок, кај описот на штетните ефекти на антибиотиците постои прилична подробност. Така, опишани се симптомите во детали (од негативниот ефект на земањето на антибиотиците од групата флуорохинолони), а се додадени и конкретните негативни ефекти врз одредени човечки органи. Конечно, ги има и најранливите групи при конзумирање на лековите, кои, да додадеме, кај нас се во употреба, нешто што требало да се има предвид, односно тоа да даде еден посеопфатен увид во проблемот (темата).
Пристрасност: Преземајќи го некритички она што е објавено на споменатиот сајт, порталот автоматски се јавува како негова продолжена рака, се чини и без да биде свесен во што се впушта односно претвора! Значи и против модерната медицина за која смета дека е експлоататорска и алчна, што како теза не може да се одбегне, но мора да се докаже во секој конкретен случај! Името на сајтот, инаку е дадено според еден познат анархо-синдикалист, да појасниме за порталџиите, кои и натаму, евентуално, ќе користат „услуги“ на истиот.
Оригиналност/Плагијат: Текстот е преземен и обработен. Сосема е сигурно дека не е авторски. Комплетно во иста форма, како на овој портал, со мали варијации кај насловот, постои и на најмалку два други сајта.
Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички и застрашувачки во исто време и со градација која не може да ја оправда конкретната употреба. Зборот „најопасни“ е проблематичен за „слободна употреба“, без да се објасни кои се тие антибиотици што се помалку опасни, а кои, пак, би биле оние безпасните, на пример.
Фотографија: Текстот има само една фотографија која прикажува грст лекови во раката на веројатен пациент. Тоа е илустрација која ја нагласува човечката „незаштитеност“ кога се лековите во прашање.
Заклучок: Огромниот број на портали, како и популарноста на вестите од областа на здравјето, едноставно водат кон стихијно полнење на наменските страници – содржини. При тоа, како да се нема одговорност токму кон читателите и кон фактот дека вестите од овој тип се меѓу најодговорните, каде место „страшила“ ни треба документираност и заснованост на сигурни факти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови