verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Осигурувањето најдобро и најевтино решение

on 16 - 08 - 2013       
Овој напис го има и на: Англиски

Вовед: Текстот е проширена вест – информација за одрeден проблем. Но, не се испочитувани сите новинарски стандарди. Недостасуваат елементи за веста – извор и време. Воедно не е направен поширок истражувачки напор кој би водел кон насловот на текстот, кој е во целосна спротивност со наводите изнесени во него.

'Осигурувањето најдобро и најевтино решение' - dnevnik_mkЛинк до оригиналниот напис: Осигурувањето најдобро и најевтино решение

Датум и време на објавување: 09.08.2013

Датум на рецензирање: 11.08.2013

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Не може да се утврди

Извори на информации: Очигледно е дека се користени извори за текстот. Има статистички показатели, доста бројки, а во еден момент се споменуваат „информации од терен“ и „експерти“. За жал изворите се анонимни. Така што воопшто не може да се утврди дали станува збор за еден или повеќе извори, дали се тие релевантни или не како ни тоа дали се еднострани, иако сѐ освен насловот упатува на едностраност на изворот/ите.

Содржајност: Текстот го задоволува минималното, повторуваме минималното ниво на сеопфатност. Тоа значи дека има предмет на обработка, има податоци за темата и дури има „експертско мислење“. Но, со тоа што новинарот не се впуштил во макар малку попроширен истражувачки напор за да види каде е проблемот, со тоа де факто се прикриваат податоци за вистинските причини зошто процентот на земјоделски осигуреници е толку мал.

Пристрасност: Текстот ја прикажува сам делумно вистината. Токму поради тоа што не е обработена темата до крај, не се гледаат вистинските причини зошто состојбата е таква каква што е, ако претпоставме дека податоците се точни. Извртувањето на вистината или спинот е најсилен во насловот на текстот, иако елементи што личат на спин може да се видат и во други делови од текстот: „Осигурувањето најдобро и најефтино решение“

Коментирање:  Во текстот има само еден јасно видлив коментаторски елемент и тој е интегриран во пасус каде во претходната реченица се изнесуваат факти:

Сушата и поплавите се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.

Оригиналност/Плагијат: Бидејќи не е наведен изворот на веста и нема потпишан автор, не може да се одреди дали станува збор за целосна или делумна копија или за оригинално дело

Квалитет на насловот: Насловот дезинформира, затоа што од тоа што е прикажано во текстот јасно произлегува дека во моментов осигурувањето не е најефтино решение. Насловот е соодветен затоа што е директно поврзан со темата во текстот, а е тенденциозен затоа што го наведува читателот на погрешен заклучок ако се задржи само на насловот на веста.

Заклучок: 

Уште еден пример на текст кој поради тоа што не ги содржи потребните елементи од жанрот, не може да ги исполни професионалните новинарски стандарди. Жанрот е вест (проширена), која само со малку новинарски екстра труд или додадена вредност, можела да се трансформира во прекрасна анализа.  Вака, во веста недостасуваат изворот и времето („изминатите пет години“ не е доволно кога станува збор за прецизни статистички анализи), како клучни елементи што го определуваат жанрот и што се неопходни за да зборуваме за исполнување на професионални стандарди. Оттука не можеме да ја одредиме вистинитоста на наводите во текстот.

Забележано е извртување на вистината и коментаторски елементи и тие се пласирани во насловот, кој е целосно несоодветен со фактите изнесени во текстот. Иако насловот сугерира и го упатува читателот на еден факт: осигурувањет најсигурно и најефтино решение, во самиот текст се нуди друг клучен факт:

„Ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување се најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка“.

Дополнтелно, самиот наслов може да укаже на пристрасност од политичка, но и од комерцијална приорда, која би одела во полза на осигурителните агенции.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

релевантни

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести